Кога тие ќе крадеа овошје по градините или зеленчук по бавчите, на него белјата ја фрлаа; и кога ќе врзеа куче и мачка за опашка или кога ќе им врзеа конзерви да тропаат по нив и панично мјаукаа и лаеа низ селото, на него белјата ја фрлаа; кога на селскиот добиток ќе му ставеа коњски муви и стршлени под опашката и тие јуреа и рикаа како бесни низ полето или сокаците, белјата на него ја фрлаа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Севезден ќе му праќаат шамии да им врзе по некој жолт.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Тамо ќе да се појават грешните голи и темни и страшни, и ќе да прати Бог ангели немилостивии да им врзат руки и ноги у страшни синџири железни и ќе да ги заведат у муки.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)