им (зам.) - гледа (гл.)

Кај што им гледа окото, што се вели, таму им оди и куршумот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Храбар човек... - рече замислено и повтори: - многу храбар мора да бил зографот, штом имал смелост на светците да им гледа право в очи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тие го изразуваа и нашето одбивање да си врвиме кротко, да отстрадаме тргајќи си го страдањето надвор од видокругот на јавноста, да си ја криеме сексуалноста, врските да си ги ставиме в плакар, а на угнетувачите да им гледаме низ прсти.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Јосе Натемагото почна и на девојчиња да им гледа и да им претскажува која кога ќе се омажи и каков маж ќе земе.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Тие што сакаа да им гледа, мораа да му ги покажат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Но, иако совршено добро знаеше да им гледа на кафе на познати и на непознати, чии судбини, желби и минато со леснотија ги читаше од филџаните, во својот никогаш не можеше да види ништо, ниту пак на некој објективен начин можеше да ги протолкува оние фигурички и форми што ќе ги видеше.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Кате ги наведе очите, бидејќи Адем така го учеше и му забрануваше да им гледа на гостите во суратите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)