им (зам.) - дојде (гл.)

Имено, неможејќи повеќе да го истрпат понижувач­ кото однесување на новопечените газди и нивните послушници, скоро сите „порцеланци“, како што имаа обичај да се ословуваат меѓу себе, решија да организираат штрајк против условите за работа и да бараат исплата на заостанатите плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, за жал, поради сплетот на идните бурни настани што допрва следуваа, иако подоцна немаше второстепена постапка по жалба, оваа пресуда, која во октомври 1999 стана правосилна и извршна, никогаш не е извршена – ниту доброволно, ниту присилно [а веќе е и застарена].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тие не знаеја за мојата мака! Ете, така случајно им дошло, да ми речат!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашата војска е толку силна што постојано ги сотира тие комунистички банди, на кои им дојде веќе крајот ...“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се качував скала по скала. Посакував да не сретнам никој од возрасните.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Меѓутоа, пред вратата на вториот кат - како да ме чекаше - стоеше дедо Коле.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледај, чудо: им дојде денот и на дивите коњи!“ ме начека.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На изгладнетите не им дошло до срамови ами сакаат да ја отворат черупката за да каснат нешто.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
На врвот на „Соколот“ ги фатија карпите и зачекаа да им дојдат потерите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Или, оди кај четниците, барај нешто за јадење ако си гладен! — му рече тој на момчето повеќе да го отстрани од нив, отколку што мислеше за неговиот умор и глад.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Ајде, боже, поможи! — се прекрстија сите и се разделија, договорувајќи се каде ќе се собираат тие што ќе останат и ако останат живи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Од друга страна го заскокоткаа Арслана и Сефедина оние петстотини лири што ги зедоа од витоливци, та добро им дојде Толе да можат да ги уценат и другите села како Витолиште.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна по мракот и го блокира селцето, та ноќта ги претепа селаните сите со ред што дигнале рака на царот и ги прибра и тој, како Арслана и Сефедина, оние десетина петнаесет лири црквени пари што ги чуваше чорбаџијата Малче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Овие зборови им дојдоа како мевлем на рана на членовите на штабот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тиа шо ќе останат живи со трчанка да a преминат Црна и да а ваќаат наа висока тумба преку река.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Добро им дојдоа бомбите и патроните што ги донесе Ѓорче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една квечерина им дојде и крајот на среќните караници помеѓу Татко и Климент Камилски.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Летно време, во привремените колиби и трла излегуваа од селото и други луѓе, косеа, жнееја, садеа компири, но од доцна есен, па сѐ до пролет, освен во исклучителни случаи, кога ќе наминеа ловци, кога ќе ноќеваше кај некого од нив шумарот или кога ќе им дојдеше некој од дома, старците беа сами, како да се наоѓаа во прогонство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Кога запревме пред самиот влез, кревајќи прав како да се вкопавме во земјата, сите слободни милиционери излегоа надвор да видат кој им дошол со таква кола: стар модел на „мерцедес”, како изваден од реквизитата на некој филмски или телевизиски фундус.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
И наредната ноќ, кога доктор Миха се прибра дома уморен од претходната со провинциските актери и домашната ракија, а и нерасположен да ги поднесува божемните попатни задевања на адреса на неговиот поставен текст од познајниците на кои ќе наидеше по театарските бифиња или во Клубот на писателите и на новинарите - синот не им дојде да преноќи, ниту пак дента се јави од некаде макар по телефон.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Првите штом ќе им дојде до рака, а вторите штом ќе ја узнаат неговата двојна улога.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Севда ги отпоздравуваше, им се заблагодаруваше за грижата и им велеше дека не треба да се грижат, таа не е мала да не знае што прави, излезена е татка ѝ да си го пречека да се врати од работа, порачал оти денес за вечера ќе им дојде, имал некоја работа овде во Горнени.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Нему ова со чашите не му даде впечаток на којшто тој би се сопнал сè додека една вечер не им дојдоа повеќемина гости "на кафе".
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Последниот пат, милицајците додека претураа по работите во килерот изгледа им дојде в раце онаа слика што ја сокрив и од себеси кога стана мој Иван илегалец.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Кога дојде, а кога втаса да се слика“- рече едниот, оној поважниот од двајцата.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков: „Тоа е слика од син ми. Ја скрив таму пред да замине во борбата“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- И тие, кога ќе им дојде време.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Мореее... ќе им дојдеме доака, туку што рече женава: „Откако ќе изгине народот“.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Морате да одите!
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Еднаш во Бостон, пред многу години, прашав еден пријател, кој со години и години живееше со истиот дечко, дали некогаш им дошло да се венчаат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не би им дошло да речат дека Свирач на кровот е „премногу еврејска“ или дека Виз е „премногу црнечка“ или дека Камелот е „предолга“ – или не, чекај; па така и велат.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Кога ќе ја примениш етикетава на себе, таа може да биде пример за кампската практика на вклучување – комунална практика што се состои од одбивање да се изземеш од сеопштото спласнување на туѓите стремежи кон автентичност и сериозност, но без да се откажеш од сите свои барања тебе да те третираат пристојно.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Луѓето сѐ уште велат дека претставата е премногу геј, иако ѝ се обраќа на широка публика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И јас сум ви онаа откаченана, дебелана транџа – онаа што демек е по откачени и фрикнати срања.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Не е секогаш спуштање на другите луѓе.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
ДАГЛАС КАРТЕР БИН: Кога работев на Занаду, стана јасно дека зборот камп сѐ уште се употребува за да се отфрли нешто.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
„О, никако,“ вели засмеан, „ќе се испокараме кој да носи венчаница“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Македонските организации Захаријадис заедно со својата дружина порано ги беше отпишал, но овој пат им дојде часот сосема да ги столчи заедно со азбуката и јазикот. Рече дека се титови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Блазе си им на бугарските театарџии. Им дојде Едвард Олби, директно од Америка и ги испофали.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Не можел да се задржи на седло. Ја пуштил коњската грива и, кревајќи ја високо десната нога, паднал со рамо на страната на противникот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Луѓето не му верувале. Се веднеле над него и го тешеле: кога ќе преспие, ќе биде поздрав и од мајски дрен.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога првите востанички истрели им дошле до глава на негушките претставници на отоманската власт и кога почнале дивите страженија со аскерот на Емби Лобуд кај селата Прахно и Цер и на некои ритчиња судбински определени за православни и муслимански гробишта, Панделиј Каламарис паднал болен од коњска кашлица.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тој сепак пред нивни очи поцрнувал и додека ја заборавиле неговата последна молитва и предупредувањето дека на мажите од Кукулино им дошол крајот, ги извртел очите и се вкочанил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никој ништо не им кажа, никој не им дојде, пријателски и мислителски да ги измери со очи: не изеле толку фурни леб за да го фатат бегалецот со обетка на уво.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога Орлен Шумков викнал да не се пука заради опасноста да биде погоден со куршум Онисифор Проказник и кога неколцина се исправиле за да се стрчаат и да му помогнат на челникот, врз нив, врз извиците со кои се бодреле и врз писокот на ветрушката што се оддалечувала, се урнале неколку грмежи, и тие, пак залепени со гради за земјата, знаеле дека шестмината што некако ги опишувала со прсти и со очи Ганка ги измамиле со источничка војничка или арамиска мудрост: гледале во оној што доаѓал пред тоа на танконог шарколија и не виделе дека другите им дошле зад грб да ги косат со сигурна рака и сигурно око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И бидејќи бил јунак на приготвувањето, не можел да стане јунак на војувањето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молкнаа. Сега и ловците, како и другите, стоеја пред своите двоколки со едно воле или со ѕевгар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Заборавиле што е страв, а кога им дојде ноќеска тие му се подадоа да ги зграпчи за гуша, немајќи ништо, со што би му се спротивставиле, така што оној немаше повеќе ни со што да докрепи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Откако го сторија тоа, младичот рече дека тоа добро ќе им дојде на сите работници, што имаат деца во своите семејства.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во домот на Ружа и Младен на гости им дојдоа постариот син Јордан и жена му Неда, со малиот Бојан од Сараево. Таму Јордан беше на служба во ЈНА.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Како капак на сè им дојде кога мојот избраник од минатото кој трае, потстана, се исправи и им се обрати на нивниот јазик.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
А од каде им дошле, пак, имињата на овие два пата, лесно е да се погоди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Така е и со луѓето; тие доаѓаат и си одат, едни оти им дошол денот и саатот, други оти душмани им ја истурлие крвта, но животот и народите остануваат.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ќе ги завтаса војниците, ќе им дојде со здивот зад петици, и колку да ги дрпне за ногавици, ќе подзапре, ќе нѐ почека.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Французите им дојде курва дури од Париз, велат, некоја редоселка со голи нозе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кога ќе им дојде времето из'ртуваат...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тие од селото се разбегаа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Видовме дека им дошла помош.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Истата мисла, по сѐ изгледа, им дојде на ум на сите во ќелијата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Одвреме-навреме помислуваше ибн Пајко дека сепак им дојде до ак на Турците.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И тоа што учел им дојде згодно на пријателите на Борко да го искористат и да можат да кажат Симон да биде чувар. Земаше редовна плата за тоа.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Па знаеш, во нашиот двор немаше огон - и време им дошло на митровденчињата да цутат.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Сакаа тоа да биде нивни дар на црквата за да им помогне Св. Богородица да им дојде синот здрав и жив.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но ете, и на болките им дојде крајот. Ќе се спасам...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Последните им дојдоа пред пушки на поповите, Трајка и Ристета, а првите со Суља на Стојана и Анѓа. И поповите почнаа да се крстат.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Но затоа, веднаш по пукањето и нурнувањето на бунтовниците низ портата, аџиите и забитот ги испразнија своите кубури на тие што им дојдоа пред нив на два метра.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Некако чудно им дојде на дечињата, па тие знаат, дедо им остана на станицата во Гаково, остана во вагонот, ама тој таму се пикна за да ги натера сите да побегнат од тоа место.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На Турците качаци ова добро им дојде и не еднаш се оправда Јашар од Рувци и Шефкија пред валијата во Битола за извесни злочини што ги беа направиле овие крволочници, дека тие се направени меѓу самите христијани што се колат меѓу себе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така разговарајќи, чекајќи и мислејќи, редот им дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И на сите треба до ак да им дојде овој стар дедо поп Трајко.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Стариот семеен пријател, Гури Порадеци, како капетан на загубениот кораб, нѐ успокојуваше, кажувајќи ни дека и старите чунови, кога ќе им дојде крајот, исчезнуваат како и луѓето...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ќе дојде и тој ден - продолжи Горјан. - Ќе им дојде црниот ден.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Си каниле некоја куќа сватови кај Божина и чекаат во неделата да им дојдат сватовите со зетот за да ја земат Босилка.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Ама се уште имав сила со заби да си ги раскинам жилите од рацеве и кога видов како потече крв, тогаш си реков, ете им дојде крајот на моите маки.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Истовремено, сфатив дека чувството на увереност не се раѓа, или не мора да се раѓа, од статистиката, туку од еден едиствен „уверувачки” момент.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сепак ним може „да им дојде умот” со помош на психотропички (mind - changing) хемикалии. (...) Јас не бев преобратен, но се убедив во постоењето на паранормални случувања.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа беше вистина, зашто таа ноќ тој прво се разбуди кога Луман им дојде, а после и кога се врати со деда му откај Мирчета.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Така нешто им дошол разговорот.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
IX Тукушто брезничани се понадеваа дека ќе поживеат спокојно, им дојдоа нови, уште понеспокојни ноќи и денови.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Децата сите го гледаа под око и, како некои судии, го чекаа да им дојде.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
И на некои од тие спомнувани и не спомнувни поединци изгледа им дојде преку нос.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Она, кога некој проклет Турчин од соседното село им дошол точно на ручек време во дворот за да им соопшти оти уште таа вечер мораат да го напуштат селото.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Со изградувањето на куќата, се стесни патот и низ него не можеше да се помине со кола; луѓето ги запираа колите пред неговата куќа и оттука понатаму товарот мораа да го префрлуваат на добици или на раце; тоа им дојде до нос на луѓето и бараа сокакот да го рашират, односно Бандо да си ја потсобере куќата, да ја зделне до некаде.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
црвената: пламливи, избувливи луѓе: што на ум, што в срце - тоа на уста, за една болвосерка - туриваат каца со мед; им пререче ли нешто, им се пикна во зборот, не ги поддржа, не им одобри - повеќе за тебе не држат, те замразуваат; додека имаат мака на алтан-терезија те држат, кога ќе им помине маката, за старо тенеќе те даваат; само тие како да постојат во селото; соседите ги тераат да ги врзуваат кокошките, а тие кучињата свои ги пуштаат кај што сакаат; кога ќе се впипрат во лицето - запелтечуваат; ако ти е фрлена шега, подбив, мунѕа - од нив е; се зафатија ли со нешто, наумија ли нешто - или ќе го сторат или раката ќе си ја отсечат; жолтата: колебливи во очи, во држење, во однесување; многу сакаат да слушаат, да чујат сè, а ни трошка нешто од себе да речат; во расправиите бегаат, не сакаат тука да се најдат; дома глас не им се слуша, како да не се живи; за мала работа трчаат кај соседите за совет; кога ќе им влезеш в куќи, не ги фаќа паника, ниту брзаат да те почестат; ако дедо им бил говедар, козар, питроп, полјак - таткото и синот и внукот се тоа; по гробиштата кога сите лелекаат и плачат, тие ги гаснат свеќите да не се трошат до крај; секогаш одат со навалени глави загледани во земјата како да бараат нешто што изгубиле или пак што загубил друг; кафеавата: рано легнуваат, рано стануваат; тешки во одењето, тешки во зборот; само за себе живеат; што било, како било - во нив останува; дома со седење те пречекуваат: ќе те измерат: кој си, што си, па ќе станат; за многу работи се прават дека не чуле; она што е нивно не го даваат на друг да се послужи; устата им испушта мед, а срцето пелин; кога ќе им дојде невеста во куќата, или ќе ја претопат - табиетот да им го земе, или клоцата ќе ѝ ја удрат; имотни се, но со прсти стегнати, кајафлии не се расфрлуваат и не арчат многу: дури и кога дечињата наутро ги празнат мешињата, ги празнат во дворот - да имаат што и кокошките да колвнат; избегнуваат кај што не им е по ќеф или кај што шерепере се зборува; жените со плетиво одат в поле, в планина, в црква, на молзење, в град по купување; кога даваат совет, не ти кажуваат сѐ докрај - нешто и за себе задржуваат; ако те засакаат - виделе нешто во тебе што им се допаѓа; кога ќе им се случи нешто лошо во куќата, одмерено плачат; кога се болни, не ѝ веруваат на болеста; со неа шетаат, со неа работат, со неа по веселби одат; ја носат, а гледаат кому да му ја прилепат; розовата (шеќерлијата): чаламџии, фодули, самобендисани, а купи ден - помини; на оро први; те сакаат додека имаат мака; јајце да варат, надвор го варат - да ги гледаат сите; од надвор куќата чиста, паќна, што се вели: азна, а внатре празна; што да се случи во селото - први разбираат; во разговор ќе те префрлуваат од рид на рид, ќе ти тргаат фурки - в очи ќе те лажат; не држат многу до зборот: речи - одречи; ти даде ли нешто, сите знаат; новата кошула ја облекуваат врз старата: кој да види да завиди; први се за гости, за јадење, за пиење, а кога ќе им дојдеш дома - им поминал светецот!
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Во тоа време кога Бандо и жена му ги сонуваа овие соништа, војската крстосуваше низ селото: одеа на фронт, се враќаа, пренесуваа раненици, довлечуваа оружје; се слушаше далечно пукање на топови; луѓето се качуваа на планината, одеа со чунови по езерото да чујат што подобро, се будеа ноќе кога пукотите на топовите ќе се огласеа поблиску, и со нетрпение чекаа да се пробие веќе еднаш фронтот, да дојдат сојузничките војски од Грција, да им дојде крај на овие исчекувања и маки.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
„Ништо не им можете“, им велеше слепиот Тимон слушајќи кај што луѓето трупкаат со нозете по нив: „Оставете ги на мира; кога ќе им дојде времето, сами да си заминат...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
И вистина, кога им дојде времето исчезнаа без трага, без поштук.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога нашите го истерале грчкиот поп, како што знам по кажување, во селото им дошол грчкиот владика, некој си Стаматијадис.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
На другите, само да живне малку фронтот, ќе им дојдат Србите, а тие, сами знаете, во мајчина ти да се покниш ќе те најдат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Еден ден им дојдоа во посета некои големци со ширити и друга нишани.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
А тој беше гас и гаќи со преседатељо на општината мислеше дека нему никој ништо не му можи и тој, заедно со овој Војнета наш мене ми ги имаше пуштено партизаните да ме убијат зошто сум бил кмет и сетне со нивни ниспет партизаните ме затворија а и уште да можи нешто најлошо тие мене ќе ми го сторат зашто тие сет вногу лоши луѓе ама и овој партизанскио суд што не ет суд туку суди само накодошени луѓе мене мана не можеше да ми најде и ме ослободи ама Трајко Казиловски и Војне мене дрвата не ми ги имаат заборавено и ако им дојде на колај тие мене пак и најлошото ќе ми го направат“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Тогаш на многу жени им дојде менструацијата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не видоа ни кој сме, ни од кај им дојде смртта.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А им дојде така зашто моето име се споменуваше заедно со неговото презиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Потоа разбрав дека тоа била италијанска ескадрила, којашто добила наредба да им дојде напомош на христијаните што беа изложени на колеж.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
- И тие ли ќе овенат, тато? - И тие, кога ќе им дојде време.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)