им (зам.) - завиди (гл.)

А жителите на Потковицата им завидуваат на тополчанци и на тројкрстчанци пред сè на реката, а потоа и на железничката станица, односно на џадето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој ги уништуваше куќите сè до темелите, оставајќи ги оние што очајно сакаа да ги подигнат да им завидуваат на оние на кои тоа формално им успеваше, исклучувајќи го притоа заблудно секое човечко жртвопринесување...
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Па, никој не им рекол дека им завидува за најспоредната работа во институциите каде, пред сѐ, е важна креативната дејност.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Ами лели им завидоа орлите, оти јадат штрковите скакулци, и од збор на збор се капаштисаа да се бијат едни други.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Кога повторно дојде Чана не им завиде што се вовлекле во затворена просторија, туку заедно со големата ќерка, а и со самата Роса, сросаа два одара, поткренати од земјата, ги послаа со веленца и во нив можеа да ја дочекаат следната ноќ.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кире му беше на дофат и сега брзаше да оди да го види.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Бевме на логорување во планината.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
И сета, во овие одминати години, Нумо им завидува.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)