Но ништо тоа не помогна, полицајците останаа на своето, а сам Ѓоре, после расправаше, во еден миг помислил или да им избега или да ги остави да го затворат, но кога размисли подобро, се откажал од тоа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Се уплашил дека полицајците за одмазда, можат да ја остават бомбата таму каде што се најдува па таа да убие некого од овчарите или од децата и се согласил да ја однесе бомбата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И слугите возбудено одеа по нив стегајќи ги цврсто за рамениците за да не им избегаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Ќе го стасаат волците осамникот и ќе го нападнат, тој ќе заколе еден или два и ќе им избега.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ако успеале да им избегаат, можеби ќе дојдат кога ќе се стемни. Ќе чека.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- А тој? - праша Денко. - А тој им избегал... Така вели приказната.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Врзаниот ајдутин го ставиле на средина, да не им избега.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Се раскажува дека ајтудинот со седум чекори им избегал на Турците и исчезнал во гората.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Им избегаа од меѓу нозе.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Алиштата им се мавтаат, ќе им избегаат панталоните.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
„За да ја запаметат и тие слободата!“ велеа жените кои одеа со раширени раце како да врвеа по жица плашејќи се да не им избега земјата од под нозете.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Му реков дека и луѓето ќе појдат на лов и дека не ќе им избега.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ме опомена: „Говори потивко, не сум глув.“ Потоа: „Се кријам, чекам и ловам, ако сакаш да знаеш.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Им било жал: заедно со Васко Тушев убаво пееле во три гласа јуначки и свадбарски песни.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Масакрот на козите, земен како политичка одлука и алегорија, социјален факт и симбол, всушност ја предочува постојаната борба што човекот залудно ја води со векови, за да се спречат уништувачките сили и синдромот на ликвидациите на кои ниеден народ на Балканот не успеал да им избега.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
„Знаеш, пријателче“, велеше тој, „зарем немаш слушнато дека и доставките на душкалата не се вода во решето?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И притоа тие постојано ѝ се џареа в очи, случајно да не им избега некоја од желбите и намерите на таа наивност.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Помошниците од оваа страна, на господинот Призрак, се викаат: Бедмен („човекот“ што настанува во соништата, или на психоаналитичарските каучи... - така се зборува); потоа доаѓа Мики Хаос (како и за Пајо Ентропија и Роџер Ребит, се претпоставува дека Мики им избегал на цртачите како вирус на лаборантите; други, пак, мислат дека Мики Хаос настанал под стаклено ѕвоно, изложен на влијанието од јаглерод, натриумови соли и графит, додека се симулирал Големиот Траскот...); третиот и последниот (но не на крајот од ланецот што се врти во круг!) е веќе споменатиот господин Јанус, кој скоро сигурно е човек, но со две глави, за разлика од Дипигус.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Тоа се трите главни помошници на господинот Призрак.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Хуан Арчибалдо Ланус, аргентински дипломат и публицист Масакрот на козите, политичка одлука и алегорија, ја резимира постојаната борба што човекот залудно ја води, со векови, за да се спречат уништувачките сили на синдромот на ликвидациите, на кои ниеден народ на Балканот, како што забележува авторот, не успеал да им избега.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Избрзале од страв да не им се сожали за човекот. Да не им избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)