И не се излага Иге. Толе ја прегази прв Црна баш на Скаклевите воденици каде што претполагаше и Ѓорче, и под самото Чаниште ги дочека четите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
• И остана Ѓорче со дружината — поп Пана и Игета —тука, а Тоше и Милан тргнаа да ја фатат со ноќ Маргара и да видат ќе има ли однекаде некој абер или паднаа вчера в раце — Ако никој друг, Толе сигурно им има побегнато на агите — го уверуваше Иге Ѓорчета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можеби мнозина ќе се запрашаат: 1) ако досега комитетите имаа играно двојна улога: на Бугарите им имаат велено оти Македонците се Бугари и еден ден Македонија како и да биде ќе се соедини со Бугарија, а на европејците им велат оти тие бараат автономна Македонија само за Македонците, оти немаат никаква мисла за соединување со Бугарија, тогаш од каде јас знам оти комитетите ја лажат Бугарија, а не Европа?
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Така можеа да мислат на иста тема, единствена, и да починуваат од времето што им имаше натежнато како планина.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Веќе им имаше гледано на половината од студентскиот дом и сите филџани ѝ се имаа измешано во главата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Знаеш што му направив на еден таму во Свети Николе. Јас сум од Свети Николе. Не знам дали Трајче им има кажано...“
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
- Не зборувај глупости – грубо ѝ свикав, а си реков – среќа што само им го прочитав писмото, а да им имав раскажано за сето друго, кој со нив ќе излезеше на крај?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Подобро е што тајната си ја чувам само за себе.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Синот на Патрик и на Мет се родил година и пол потоа (48).
Тешко е да се замисли понастрано семејство: двајца истополови родители од различни генерации, кои создаваат педерастична двојка; обајцата се мажи, но ни едниот ни другиот не се родиле како машки; еден од нив раѓа дете откако преминува од женско во машко, а син им има тројца можни биолошки татковци, од кои никој не може да се идентификува со сигурност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Можеби тој импулс му го зацврстила поддршката што ја добивал од „своето и од семејството на партнерот и од стрејт-соседите“, која шокантно спротивна на згрозеноста што ја изразиле „на интернет неколкумина хомофобични ОЖМ кои се идентификуваа како стрејт и кои почнаа да му се обраќаат на Мет со женското име, затоа што вистинските мажи не затруднуваат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Нѐ сметаа за педерски/лезбејски пар, а не за двајца геј-/би-мажи чија врска е тато/момче, како што гледавме на себе ние“ (48).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Набргу Калифија-Рајс го започнала процесот на преминување од женско во машко.
Во меѓувреме, Мет Калифија-Рајс, кој сакал дете, а не верувал дека ќе му дозволат да посвои, неколку години не можел да прима тестостерон поради несаканите дејства, какви што му биле заслепувачките мигрени.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Лекарите му рекле дека сѐ уште било „биолошки возможно“ да зачне и да роди бебе, па двојката нашла „тројца што нѐ сакаа, но не сакаа деца“ да донираат сперма.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ги поведоа кон тремот да ги растоварат, но пазарџиите не влегоа по нив. – Сигурно им имаат откачено од мувата – си мрмнаа мажот и жената и ги симнаа алиштата од маската и магарето.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Како што сами им се најдоа рацете, така и нозете сами им зачекорија; но иако прстите им имаа цел, чекорите им немаа.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Веднаш да објаснам: оваа слика во мојата свест немаше врска со Уредот. (Редно е да напоменам дека Управата со наредба им имаше забрането на службеничките да ги носат децата во работните простории).
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Нивните униформи беа бели, лицата им имаа розова боја како некој да им исплескал шлаканици; очите им беа сини.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Уља ми вели да појдеме кај Мисајлета Ковачот. Кај Прпушовци. Знам дека тој нешто се разбираше, на мнозина им имаше извадено заби шупливи.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)