Ама чудно! Сашо ѝ се лути и на жабата. Зарем не можела да се скрие како и сите други жаби? Тие се скриени и штркот не им може ништо!
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
А до каде одеше самоувереноста на тамошното раководство, 181 дека никој ништо не им може, говори и податокот дека по утужувањето – кое се случи во април 2010, а пред судењето во Основниот суд Скопје II, полномошникот на „Охис“, дипломиран правник која беше таму вработена (Р. Николовска) му се обрати на најмениот адвокат од Величковски (Д. Аргакиев) со зборовите: „Па што ако тужи кога нема ништо да добие“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
„Брадите горат. На коските огнот не им може ништо.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Се шумкаат, така е. Кога ќе заспиеш, ќе легнат врз тебе и ќе ти го затнат грчмакот со густа брада.“
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Но за да се раскаже таа сторија требаше да се вратам неколку години наназад, во летото на 1978 година кога за првпат се сретнав со соборецот на Јасер Арафат, големиот палестински поет Махмуд Дарвиш, заедно со неколку палестински поети, во Струга, на бреговите на Охридското Езеро, кое го сметав и за своја конечна татковина...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Зар се плашеле од мене? А што им можев јас, што им можам сега!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
„Ништо не им можете“, им велеше слепиот Тимон слушајќи кај што луѓето трупкаат со нозете по нив: „Оставете ги на мира; кога ќе им дојде времето, сами да си заминат...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Арафат и Палестина, како и Тунис и арапските и неврзаните земји, кои продолжија да живеат во мене низ неколку незаборавни пријателства, на кои времето не им може ништо, беа дел на едно минато чии вредности не можеа да влезат во никакви дипломатски вредности, адути, во прилог кон другите.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)