Сега оваа куќа во очите на Климент Камилски стануваше историска зашто во неа требаше да се водат големи битки за спасување на балканските јазици од задржаните османизми кои можеа според неговото убедување да им наштетат на балканските народи, кои најпосле добија свои држави.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
За чудо уште верувам во тоа дека јас и Бојана ќе го турнеме Стојан од својот престол... или да си бидам искрен пред себе си – сеедно ми е како сето ова ќе заврши... господе само немој да им наштетат на мајка ми и на татко ми... ако работите тргнат наопаку белким ќе бидат задоволни со мене и мојата смрт... * * * - Бојана мора малку да го потсредиме нашиот гардист.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
И затоа не би требало да биде изненадување тоа што британскиот фелдмаршал Сматс, во упатеното писмо до Черчил, ќе нагласи дека и покрај нивната помош на Тито, НОВ и ПО на Југославија не се однесувале лојално и дури сосема бил во право кога сметал дека Титовата "супремација во Југославија" ќе им наштети на британските интереси.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Но, британскиот интерес бил насочен кон Грција.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Како што покажаа италијанските вдовици од Фајер Ајленд, за машката геј-култура сериозното не е ништо повеќе (но и ништо помалку) од изведба на сериозност, нејзино одглумување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Само ако ѝ се радуваме на сопствената неавтентичност, како што правеа вдовиците, ако си ги претставуваме чувствата во рувото на мелодраматичната кампска изведба, можеме да им внесеме зрно вистина.313
За оние што се стремат кон достоинството на сериозноста, се разбира, секакво признание за изведбеноста на сериозноста претставувa неуспешно оверување, па затоа и губење на овластувањето, а оттука отсуство на самата сериозност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, за геј-мажите – барем кога не се трудат да полагаат право на машката стрејт-достоинственост – ваквите откритија не можат дополнително да им наштетат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И така не ги ни сметаат за неуспеси, туку едноставно како дополнителни сликовитости, разработки и потврди за суштествувањето како играње улога.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најчудниот спомен од овој разговор беше испишаниот страв во очите на Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Со еден збор ним не можам да им наштетам, а мене пак, заради не извршување на граѓанската должност и прикривање на заговори и неодговорно критизирање на власта не може а да не ми следува сѐ она што им претходи на овбинувањата: притвор, ќотек, а може да се случи и попатно поврзување со некое од обвиненијата што тежат неколку месеци зандана.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Не бев со нив кога ги собраа и одведоа, затоа и не можам да не се чувствувам виновна за нивната смрт, па иако јас, лично, го избегнав тешкиот прст на судбината поради околности кои не можеа да им наштетат на жртвите", си спомнуваше таа.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)