И во оваа битка беше понесен од непресушниот вруток на своите големи идеи коишто мислеше дека им недостигаат на Балканците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Додека на почетокот римските преторијанци биле империјални гарди, јаничарите уште од почетокот го формираа јадрото на воената сила и вршеа силно влијание врз другите војници наложувајќи им дисциплина и цврстина што им недостигала.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Се насмеа. На луѓето им недостига циркус, ми рече. Кловнови сакаат, смеа.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Ги сакам зборовите, сакам да читам, но на зборовите многу им недостига.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
Упорно се задлабочуваше во текстот, прашувајќи се себеси каде греши, што е она што таа не можеше да го види, да го спознае, а сите други (компетентни и некомпетентни по тоа прашање) го согледуваат и му оддаваат огромно признание; што е она толку посебно, толку необично заводливо што тој го поседува во себе, во својот стил, во својата реторика и техника, во својата методика на пишување, што на другите им недостига.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Исто така им недостигаат и школи од повисок степен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Ако некој сака да студира медицина, право или инженерство, мора да замине во друга држава на студии.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Традиционалната поделба помеѓу кампот и убавецот или помеѓу хуморот и гламурот, се совпаѓа, конкретно, со старата сексуална поделба на кралици и трејдови: односно, на женствени и мажествени стилови на изведување на машките сексуални и родови улоги.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
На едната страна од тој јаз се мажите што се однесуваат геј – кои се женствени или, барем, не се „вистински“ мажи – на кои им недостигаат мажествените препораки поради кои би им биле сериозно пожелни на другите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но уште ќе рече дека на тие што им недостига храброст ќе изнајдат цела филозофија за да се оправдаат. Каква храброст покажував во тие мигови?
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Го молев да се преселам во неговиот дом, а тој ми објаснуваше дека им недостигаат пари и немаат доволно простор, затоа што секоја година им се раѓаше по некое дете: прво Матилда, потоа Мартин, па Оливер, Ернст, Софи, и на крајот Ана.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Сепак, секогаш кога барем за миг останувавме насамо, а ретко кога останувавме насамо повеќе од неколку мига, јас одново го молев да ми дозволи да живеам во неговиот дом.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)