- Боже! - извика на сиот глас. Денес на изненадувањата им нема крај.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
А за тие што не можеа да дојдат кај него, ќе речеше: „Ќе умрат. Им нема спас...“
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Крај им немало на кажувањата и желбите момински.
„Молика пелистерска“
од Бистрица Миркуловска
(2014)
Како што гледате, на дискусиите од овој тип им нема крај.
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Дека им нема крај и конец.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
И обично се чини дека трајат цела вечност.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Господи, на можностите им нема крај.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Уште повеќе не мора да си поет, може да си дијалогичар.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
УШТЕ НА ПОЧЕТОКОТ на овој наш разговор за желбите, да кажеме: на желбите како желби им нема крај, а можностите за нивно исполнуваље се ограничени.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
И додека на неговата скромност, повлеченост и срамежливост им нема крај кога станува збор за секаде присутните секојдневни општествени неправди, за најтривијалното газење на човечки права кое се случува под неговиот нос, кое што тој ниту го гледа ниту го слуша, и во врска со што главно ништо не му паѓа на ум - во негово присуство непречено можете да ги газите сите закони на правната држава и сите норми на човечност, можете да му дадете слобода на најперверзното самоволие, смеете да пљачкосувате и разорувате, дури смеете и да убивате, ништо од сето тоа нема да ги помрдне неговите крукчиња - истото тоа тромаво, тивко и незабележливо општествено суштественце молскавично оживува ако го мобилизирате за националната кауза или, уште подобро, ако го поставите на маса околу која се одлучува за судбината на цели народи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Јас дотогаш понекогаш и си помислував дека и мене може да ми се случи да морам да заминам негде џенем, се разбира ако одлучи татко ти да си замине дома, во Новодеревјановское; жената секогаш е врзана со некој невидлив конец за мажот; ние сме сенки на чекорите на мажите; иако јас и не го прифаќав којзнае колку тоа; мислам на женското почитување ; но не зборувам само за себеси; зборувам за жените; за нивните среќи и несреќи; да, дотогаш помислував оти може да се случи и тоа, да заминеме некогаш заедно кон тоа негово Новодеревјановское; но тој ден, кога на чардакот кај дед Павел ја видов сета онаа церемонија, и оние глави без шапки што се веднеа пред Истокот како пред кандило, сфатив дека на Козаците и на другите Белогардејци им нема враќање, дека тоа никогаш нема да се случи, и дека стојам помеѓу луѓе откорнати од некоја огромна далечина и којзнае како довтасани дури до овде, до чифликот на некој си Турчин кој исто така е откорнат одовде и е фрлен којзнае каде, негде во Азија ли, во Анадолија ли, и тогаш навистина повторно помислив на Војните и повторно во ушите ги слушав проклетите војнички труби без да знам кој со кого војува, кој на кого му копа гроб, кој кого го черечи.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)