И веднаш ја вади кутијата со „Зета" и им нуди по цигара.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во делото 33 1/3 Кејџ поставува неколку (највеќе можни!) системи за репродукција на звукот во просторот предвиден за изведување и на учесниците во проектот им нуди избор плочи со различен вид музика која истовремено можат да ја пуштат на грамофоните.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
По порачка на Montreal Festival Society ја напиша композицијата за голем оркестар Atlas Eclipticalis (1961) во која за организација на звукот користеше мапа на небескиот свод со распоред на ѕвездите.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Исто така, еден вид театар, сличен на хепенингот, претставува музиката во која е тргната границата меѓу изведувачот и слушателот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Разбут ке им нудам, ке раздавам по меѓите и немеѓите и во секој скриен ќош, за да те снема... бегај непрокопсана јаднице од мене!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Холанд избрзува при укажувањето дека Хајдегер е машкоцентричен философ иако некои негови поими им нудат на жените можност да земат воздух (104).
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Киберпанкерите ја користат технологијата за да опстанат во светот кој не им нуди ништо друго; ја злоупотребуваат за да го излијат својот бес кон тој свет. Ова е многу „поживописен” и потенцијално деструктивен тип на вандализам отколку графитите или палењето на поштенски сандачиња.
„МАРГИНА бр. 3“
(1994)
Хундертвасер, меѓутоа, сака да оди уште еден чекор понатаму, па на идните станари им нуди два вида на соработка при обликувањето на својата станбена околина. 124 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Не се молел. Им нудел на коските дел топлина од својата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога жените се исправиле под светлоста на месечината чудно танки и штрклести дури и во подгрбавеноста и кога пошле кон своите куќи во чии прозорци лежела магличеста светлина, Лозан Перуника, со стиснати усни совладувајќи го во себе отпорот на осаменичкиот страв, дошол до гробот заграден со пет пламенчиња за петте покојници од дванаесет до шеснаесет години и се потпрел со острите коленици на земја.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како бродвејскиот мјузикл, негеј-културните облици им нудат на геј-мажите средство за бегство од нивната особена, лична настраност во една целосна, глобална настраност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Им го одрекувал идентитетот, но им нудел свет.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, им нуди и збеснатата мајка.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Најпосле, моралната агонија на која невиниот Били го подложуваат воениот суд и следователната осуда само служи за да додаде нова, скокотлива и потресна димензија на неговото дотогашно совршенство како телесен објект: „ретката лична убавина на младиот морјанин“ се „продуховила сега преку последниве толку жално длабоки искуства“ (375).
Тоа зачеточно продуховување на Билиевата прекрасна плот им нуди на вљубениците во него глетка премногу восхитувачка за да ја прекинат ставајќи му крај на неговото страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Веда им нуди силен симбол на геј-мажите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Дури и бродскиот капелан ја користи ранливоста на Били ноќта пред неговото погубување за да го бакне по образот, но не му ни паѓа на ум да се обиде да го спаси згодниот морнар од ништење: „доблесниот маж ни со прст не мрдна да ја смени злокобата на онаквиот маченик на воената дисциплина“ (373).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Порнографијата во продукција на Фалкон стјудиос во 1970-тите го даваше визуелниот соодветник: промовираше модел на геј- секс како благотворна, опуштена машка размена помеѓу другари соиграчи што меѓусебно се почитуваат, а на пленетите гледачи им нудеше танталски проѕирки кон некакво геј- другарство што истовремено е и сексуално и братско, инклузивно и нежно, мажествено, но без осуди, на сечија радост лишено од улоги, хиерархија и сексуална различност.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ова е еминентно настран отпор, револт кон хетеронормативната општественост.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа укрепува полагање право на експлицитно перверзна женственост, дефинирана со нејзината изземеност од ќеркинската должност, од честа, од угледот, од семејството, од материјалната зависност, од хетеросексуалната репродуктивност и, најпосле, од биологијата – или, барем, од определеноста што ги претекнува жените поради биолошкото функционирање на нивните тела и неговиот општествен симболизам.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, според зборовите на Х.Џ., и старото и новото раководство беа „лоши и погубни“ за работниците – затоа што на вработените, наместо плата им нудеа бонови со коишто можеа да пазаруваат прашок за перење „Гонг“ и други хемиски производи од асортиманот на АД „Охис“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Неговиот спор настанува по промената на фабричкото раководство во 2006 година (предводено од Ј.Ќука), заради неколку последователно неисплатени плати.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Залутав одамна љубопитна во овој грд пејсаж од железо цреп и бетон но сепак останав жива Сега сум малечка полјанка на туѓите убави надежи за кои го крадам неверна ветерот од реката Безброј патувања им нудам на очите и стапалките што паѓаат уморени на моите сиромашни откоси Но спомени имам и јас па свенувам штом ќе ми шепнат дека сум била шарено крило на убавината Шарено крило на младоста во коренот на плитките води што растат со жолтиот спомен во купишта од сено
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)