им (зам.) - пожелува (гл.)

„Откако ќе го каже името на подарувачот и што подарил, му се заблагодарува на подарувачот, бара благослов за куќата, пожелува добро здравје и напредок, пожелува богата жетва, и на луѓето што живеат во куќата им пожелува да добијат близнаци.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Убави моми, со раскошни носии, со мозаични бои, со погача и сол, ги пречекуваа гостите и им пожелуваа добредојде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)