им (зам.) - попречи (гл.)

Срам -несрам, си влегов и се извозив до долу заедно со нив, ама ич не им попречив гледајќи го дејствието на 3 огледала поставени на страните и одозгора, како во бесрамна спална соба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Но во заедничката соба доволно беше на еден да не му се учи па да им попречи на сите други да учат - тогаш собата можеше да послужи единствено за да си отпочинеш, ако отспиеш во кусиот период додека последниот се прибира, а првиот станува.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)