Од тоа искушение, им порачува на сите, да се припазат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Сепак, за да им даде на знаење на Акиноските да не полагаат премногу надеж во неговата наклонетост, а веруваше дека на тој начин пред своите високодостојници ќе ја нагласи и својата лукавост, Мустафа Челеби, преку разните свои собирачи на приходи, им порача да си знаат дека не ги потурчува не зашто не сака да го стори тоа, туку дека си има своја скришна сметка: ако ги преведе во ислам, ќе мора да им додели турски благороднички титули, а со нив да им ја остави на целосно уживање и Потковицата, или да им додели нов имот, а тоа, за него, ќе значи загуба на сигурни приходи, толку потребни лично нему, на Портата, и на војската, за честите воени походи во Европа.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
— Биле — умреле, да се вратите, барем сете да умираме ако е за умирање — им порача Трајко на поповите, даскалот Бина, Младена Чкулот и други повидни селани.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Се вратија, и како што му рече Арслан на Трајка, дека сака да ја види својата раја со неговите очи, нареди на другиот ден цело село да се собере на сретсело: „Машко — женско, старо — мало, до куче сакам да видам пред мене! — му се провикна Арслан на Трајка.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Но тој немаше наумено да го напаѓа сега сам мудурот и јузбашијата, оти тоа сега не му требаше, но им порача по колџиите да не го вознемируваат и тие него, како тој што ве ќе га вознемирува нив.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Уште на вториот ден по Сефединовото излегување, Толе се преметна од запад на исток од Витолиште, и од Жиово му прати порака на мудурот: —' Еве сум во Жиово со сите мои арамии, и ако сакам вечер ќе ве испечам во конакот и кашлата, бидејќи Сефедин со аскерот не в тука.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И не ли оној врховник на мајките (коишто „за среќа не се ниту Србинки ниту Еврејки”) на еден мировен (!) митинг им порача дека до последниот нивен син ќе се бори за „секоја педа хрватска земја”.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
По третото утро, на своите низ шепот им порача: „Не затворајте ми ја устата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Од македонска страна, пак, тој можеше јасно да им порача на сите тие дипломати што со денови се среќаваа со него дека во моментот не гледа некоја партија што сериозно се ангажира во афирмацијата на мировниот процес, ниту меѓу албанските партии, ниту меѓу македонските, освен, се разбира, неговата.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Страв и трепет, мислел, јас сум страв и трепет и нека чујат за моиве прошетки по овој бел град сите луѓе од моено село, тоа е она, што можам да им порачам сега.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Не им порача кој фустан да ѝ го донесат. Сеедно.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Роднините им порачуваат дека сè ќе биде добро. Сите добро ќе напредуваат.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Мене ми рече дека филмот е добар, а на читателите им порачува дека е од оние најлошите.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Сите да дојдат на состанок во училиштето, им порача пандурот на селаните.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
И не пропушти да им порача дека „Јунајтид стејтс” мисли на нив.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Вашите татковци сега, ако се селани, кога сакаат да одат в град, на пазар, ќе се качат на воз или на автобус, или пешки ќе тргнат, па ќе стигнат таму, за да свршат работа и да ви го купат она што сте им порачале па вам целиот тој ден не ви останува ништо друго освен нестрпливо да го чекате некаде под село и уште таму да видите дали сте го добиле она што ви било толку драго.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Кога постарите браќа излегоа на први плати и му понудија, со нивното прво фијатче, да го водат Татко во Цариград, тој им порача на синовите: – Јас во Цариград не сакам да се вратам како питач.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Примерот на Машаланов е за поздравување затоа што ги ох- рабрува големиот број „непријавени“ и неосигурени работници – кои, правно гледано, немаат склучено договори за вработување и поради тоа чувствуваат дека се наоѓаат во инфериорна позиција vis-à-vis своите „газди“, да си ги бараат своите права по и судски пат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На сите ним им порачува, доколку се најдат во иста или слична ситуација, веднаш да побараат свој близок адвокат, кој ќе им помогне: „Сега, после првиот спор, е лесно...
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Машаланов задоволен од одлуката и од ефективноста при нејзиното спроведувањето, бидејќи од истата ја доби чесно одработената финансиска надокнада.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)