Тогаш, на Акиноските не им преостана ништо друго туку да се преселат, засекогаш, на Имотот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Нив, преселниците, ги обврза д го плаќаат султанскиот дел, а од она што ќе им преостане да го обезбедат својот поминок.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Госпоѓа Камилска, сепак, беше смирена и спокојна што нејзиниот сопруг по враќањето од Голи Оток беше конечно смирен во еден подолг период во мирната и утешна работа со Татко, стравувајќи што ќе биде подоцна со него кога ќе заврши со работата.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Камилски дури со зборови и солзи ги убедуваше сопругата и децата дека се токму пред крајот на мисијата, им преостануваат уште две работни средби, а потоа сосем лесно ќе ја состават листата на (без)опасните балкански турцизми, со што ќе биде означен и крајот на нивната работа.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Им преостана „Денот на Откровението“. Секоја година, на денот на стапнувањето на Островото, испрааќаа по еден добро опремен, брз брод во потрага по нови поданства.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
А кога неговите прсти ќе ја допрат мојата коса на оние квачки не им преостанува ништо освен љубоморно да се муртат.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Еди, пријатели сме добри, а и знае дека не му доаѓам така често.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
На исклучоците на другата страна, на мажите коишто отстапуваат од општествено најпожелната улога на херојски борец за националната кауза им преостанува само на јавна сцена улогата на заговорници на цивилно општество, односно на неговите вредности: човечките права, ненасилството, толеранцијата, еднаквоста на половите итн., значи дејствување на едно подрачје на кое кај нас во традиционална смисла може да се докаже сѐ само не машкоста, подрачје, имено, на оние интереси што хрватското мнозинство денес ги смета за сѐ уште бизарни, недостојни за вистински машки ангажман, па затоа подрачје препуштено на дезертерите од сите видови, слабаците, педерите, накратко на женскиот свет како таков.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
По речиси осумчасовниот престој на чист воздух дома се враќаат освежени и многу полесно се приготвуваат за часовите сто им преостануваат во наредната недела... - пишува за нив новинарот Наум Попески.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)