Затоа, за секој што живее во свет на хетеронорми, доживувањето сексуална желба за маж е заземање положба на субјект која се смета за соодветна за жените, во смисла на тоа дека со право им припаѓа на жените – а со тоа и положба на субјект која културно се идентификува и се интонира како женска.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Односно, искуството на чувствување сексуална желба кон припадници од еден конкретен пол им претставува, како на другите, така и на лицето (геј или стрејт) што ја доживува, однос на сличност, на наликување, на идентитет или на некој друг вид структурна сообразност со вообичаената родова улога на припадниците на другиот пол.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Иако самата сексуална желба може да биде независна од родовата ориентација, а сигурно се разграничува од неа, сексуалната желба во еден хетеронормативен свет сигурно тесно ќе се поврзува со родовата ориентација бидејќи и двете се кодирани една во однос на другата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Да те привлекува еден пол е да чувствуваш како да му припаѓаш на другиот пол.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)