Таа си седеше на ниско столче, секогаш зафатена со женска работа, и нејзино беше да слуша што зборуваат мажите и, ако треба, да им принесе нешто.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
А ако ги пуштиш, не треба само да ги огрееш, туку и нешто да им дадеш. Некое зрно или некоја трошка да им принесеш на дланката. 75
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
V Господи Од пепелва на моево царство Народи мажи и сиромаштија. Прилега ним да им принесеш барем камен Со него да се хранат и да израснат Високо високо До откај почнува да се симиња Царството твое надолу Од тамо да го здогледаат Своето кој знае кое колено Што им недостасува.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Додека сите ние растанувавме водата на огнот се дотоплуваше и мајка ми им принесе алишта за облекување на дедо ми и татко ми, а потоа ни ги стави нашите алишта на постелата и го фати за мишки Трпчета да го облекува додека тој преташе.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)