им (зам.) - припише (гл.)

Обратно, пак, вљубувањето е најоригиналниот и најспонтаниот начин на потчинување, можеби единствениот начин на потчинување на општествените заповеди кој никогаш не те прави да личиш на конформист.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично, општествениот подбив што ги следи тие врски може да ги натера геј-луѓето да почувствуваат особен притисок да ја истакнуваат нивната природност, односно нивната неволевост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Вљубувањето, така, е најконформистичкиот начин да се биде поединец.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Само во тоа можеш да се однесуваш како сите други и пак да тврдиш дека сѐ си правел на свој начин.316 ‌Романтичната геј-љубов може да личи на нешто општествено уште побунтовно наместо нешто општествено пропишано, па затоа геј-мажите можеби се склони да им припишуваат на своите љубовни врски некој опасен и претеран степен на емотивна вистинитост, на лична автентичност.317 А со тоа се ризикува да им се внесе на тие врски полнеж и нееластичност што знаат да бидат задушни, додека си во нив, што, пак, потоа прави да биде потешко да се избега од нив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се сеќаваш на големи настани кои сосем веројатно не се случиле, се сеќаваш на детали од инциденти без да бидеш во состојба да се потсетиш на нивната атмосфера, а постојат и долги празни периоди на кои не можеш ништо да им припишеш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)