Настанот, необичното, ним им приоѓа за миг како материјална привлечност.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Не чекав ниту момент, туку љубезно им пријдов на двајцата момци.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Почекаа долго време,но кога видоа дека никој нема да им пријде се преплашија.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Сѐ повеќе и повеќе се вртеа во круг на исто место додека некои не им пријде да им рече дали мислат да ја престојат ноќта.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Русокосата, која се претставуваше како малото Путерче им пријде и рече, „Погоди чиј е овој цитат.“ „Знам подобра игра,“ рече Ливајн.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Овие имаа обичај да им пријдат на оние што изгледаа дека му се наклонети, на пример се чешлаа како него; „Која е неговата порака?“ - нервозно прашуваа, „Што сака тој?“
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ризо слезе од камионот и им пријде.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Стариот главен наредник им пријде и се потпре на џипот и зборуваше некое време.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ина се кикотеше, се потпре на рамото на аѓутантот и се смееше; почна да се смее и аѓутантот; им пријде и сестра ѝ, Светлана, и љубопитно прашуваше што се случува; аѓутантот ѝ говореше нешто на украински, и таа се закикоте, исто така.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
2. Чудно нешто се случуваше со ибн Бајко. Откако во Нерези, на очиглед на сите светци што се грижеа за неговото спасение, им пријде на седнатите турски големци, главата како да му зовре од многу мисли и планови.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Со многу дискретен, префинет но одлучен манир им пријде на дамите, им пружи рака да им помогне да станат, да се исправат, отрча до кај бакалот и донесе две чаши вода и шеќерче да се смират.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Не се сеќавам што сѐ сум можел и да помислам а камоли да ги ископам од умот зборовите што сум ги употребил!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Иследникот инсистираше во изјавата да внесам повеќе податоци за тоа како изгледале моите обиди да им пријдам на членовите на семејството на другарот Ѓурчин.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Можело да се случи да го запишам она што иследникот ми го сугерирал како можна моја помисла, а не она што вистински сум го мислел.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ќе запеат подоцна без тој човек и песната ќе куца и ќе се влече сакато; доколку им се придружи трет, можеби Трипун Караѓоз, со нос кој како да раснел на плодно земјиште за цвекла, и болвите преплашено ќе им избегаат од пазуви.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Простете, им пришол Васко Тушев; очите сѐ уште го болеле - ја слушал во ноќта својата песна, со разденувањето ја заборавил, останала пустош во душата; еднаш, во некоја друга ноќ, ќе се сретне со сенката на својот мртов баџанак и пријател, те чекам, дојди, ќе му рече таа сенка, и тој ќе ги подаде рацете кон сите сеќавања на својот живот.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Не ќе стаса до Кукулино, им пришол Трипун Караѓоз. - Арамиите бараат такви, осамени и послаби.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- И нафрлете гранки над него. Проказник ќе отпее молитва. Ех, господи...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не мора многу напор да се вложува: човекот сам треба да знае како да им пријде – рече старецот, гледајќи го Еразмо право во очите.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одлучи дека е потребно да постапува достоинствено а на работите да им приоѓа без непотребна скепса.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Колку да душкам не можам да им пријдам.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)