Ако им се доближат и одеднаш да им проговорат ќе биде како волк во булук овци да влегол.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Еден од пајтонџиите, што не доби патници да одвезе, им се приближи и со сосема разбирлив глас им проговори: — Искате ли да ве закарам некаде с фајтона?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— им проговори Ката на децата, а нему му одговори: — Море, ами како сме!
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Да се аскер, не се аскер. Сигурно некој башибозук од Џемаилбег од Агларци, — им проговори на другарите и сакаше да даде заповед на војводите да ги соберат четниците и да се истават повнатре во гората дури да фати мракот, па потоа да се влечкаат некако кон исток.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Си рекол со умот Силјан да не им проговори, ами да им се поклони, чунки чу оти тие си проговориле по нивниот јазик.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Се приближи, им ги покажа луѓето што идеа: — Го гледате Толе Паша на белиот коњ?
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)