Сребрената жица од милост и добрина, му се завиткуваше полека околу гушата, и колку тој повеќе наоѓаше оправдување за секоја мана на луѓето, и колку полесно им проштеваше, толку жицата сѐ повеќе се засукуваше и сѐ поблизу му се стегаше околу гркланот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
А јас тоа го имам на ум и не им проштевам, не им попуштам, не ги онаквувам.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Но овој пат сите им проштеваат, од болка за татка си не можат да се додржат да не зборуваат.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Таков навлегувал и во куќите на балистите, со кои до неодамна се војуваше, а сега или беа изгинати, или избегани, или пак позатворени, а тој вршел претреси и кажуваа потоа, не им проштевал многу на оние, што ќе ги нашол дома и на жените.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Да им каже дека тој тука нема што да им проштава дека тоа треба да си го сторат самите.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)