Кога заврши, Сребрениот Џорџ ми рече дека навистина се воодушевени, бидејќи чуле дека никогаш не давам интервјуа, а еве сега сум им раскажал повеќе од било кому пред мене.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Да, па испратете ни неколку копии, кога ќе излезе“.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Директорот им раскажа на мајките за сѐ што се беше случило претходниот ден.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Татковците се секогаш премногу зафатени и немаат време за вакви расправии.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Уште малку ќе бев вратен од Ќустендил назад со целата чета.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Живите онбашии им раскажаа на јузбашијата и мудурот како ти нападна Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ѓорче им раскажа каква е положбата во Бугарија: — Народот со симпатии ја следи нашата борба и готов е да ни притекне во помош, но правителството се изговара дека се најдува во тешка политичка положба и не позволува никаква акција во наша полза.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— Тој е, тој Толе, господ да заколе; другите кршија глава, ама тој пезевенк ќе го расипит раетот наш — се изјадува Арслан и почна да се мисли.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Овчарчето кое знаеше нешто да им раскаже - таа вечер си остана да спие во планината.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Сите со нетрпение чекаа да им раскаже тој како успеал да се пробие низ многубројните турски заседи, за да стигне од Прилеп во Крушево.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Ехе, на сите ќе им раскаже дека неговиот внук прв се искачил на Орелска Чука!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Сакав да им раскажам за облакот светлина, за музиката, за боите, но се плашев да не бидам исмеан.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Очекував да им раскаже за песните, но тоа не се случи.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Та тој, најпосле, е дете, ќе мора да се зближи со своите другари од одделението, ќе мора да им раскаже нешто за себе.
„Маслинови гранчиња“
од Глигор Поповски
(1999)
Пред тоа испив голтка вино од жудливо грозје што го раѓа од песок Македониичкава, ме натера домаќинот да го сторам тоа, го опијанив срцето и појдов во длабочините на животот да ги поздравам оние што не се веќе мртви и да им раскажам како почна највозбудливиот ден на овој свет: ја видов 'рженокоса, пораснав, треската што ме мачеше изгоре од огнот на крвта премногу зовриена за да не знае што се случува во шеснаесеттата година.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ја изгубив сметката на времето и се најдов меѓу изгубените од дружината, врел, со развеана коса и со очи обземени од копнеж без сочувство на луѓе што еднаш веќе минувале по светлосната врвица на првата младост.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога стигна во цареви дворје Слугите го пречекаа сите Им раскажа за целата тага Имало бог да куртулам од мачната сага.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Во сестринската соба возбудено се обидував да им раскажам дека лековите не ги голта, тој, а тие се смееја и тогаш дознав дека тоа се витаминчиња, а дека секој 21 ден добиваат по една депо-инјекција и дека се раат до следната, а овие другиве, ситни разнобојни таблетки се само мамец и дека можат и без нив.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Барем денешниве жители на Потковицата, не знаат, никој не им раскажал.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И тој не сака да и се доближи; ја чува нејзината недостижност станувајќи и самиот недостижен за сите оние на кои едноставно , како да зборува за дождот или изгревот, ќе им раскаже за Рубина Фаин и за јапонското столетно стебло во плиток сад, за она дрво што и сега, по толку децении од средбата на Кристапор Микелајн и Жорж Лоран, е живо и со жив корен во грдулка земја.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Ќе им раскажам за Шумшул- град и за таинствениот рудник на дијаманти, како и за страшното чудовиште Мортенија, за која некои мислеа дека ќе е идна господарка на светот, од исконски времиња сит од секакви господари.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Овие му раскажаа сѐ потенко, кадијата ги пофали и богато ги награди од своја страна, напиша уште истиот ден писмо за скопскиот беглер-бег и го испрати, па се прибра вечерта во конакот да им раскаже на Ајша и каданите за повторното Анѓино ропство, а сужните ги затвори во својот затвор и ги држеше ни помалку, ни повеќе – токму три месеци.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Запреа и кај фреската на ангелот за која игуменот им раскажа како зографот Трпо, пред да почне да го црта, долго време барал по околината модел што ќе му послужи за ангел.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На излез од хотелот тие го грабнуваат и подоцна, на сослушувањето во осамената вила од него бараат да им раскаже сè за својата шпионска дејност - Торнхил, се разбира, ништо не знае, што во натамошниот тек на филмот му донесува бројни проблеми...
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
- Тогаш дедо Ангеле им раскажа сѐ и им рече дека вечер треба да го чекаат Лумана на патот преку река.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Наместо да даде одговор, се обиде да им раскаже некаков чуден сон, но му објаснија дека толкувачите на соништа одамна се отпуштени од болницата како непотребен кадар (во тоа место сонувачи речиси и немаше).
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Џукле ја остави топката на земја и почна да ме моли да им раскажам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Јас сега ќе одам надвор и ќе им раскажам на другарите дека мајка ми пишува роман за деца.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Таму го нашол и Орце и им раскажал за разговорот што го водел со Делчев.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Но, како да им кажам? Што да им раскажам?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Не знам што им раскажала, а чичко Лазо сè во мене гледа и како од мене да бара потврда за приказната.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Дури тогаш би ме сметале за „чукната”. Кој би ми поверувал?
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Ќе биде голема беља – си помислив. Јас од моите скрив, го послушав брат ми, а оваа Снеже, глупавата, сѐ им раскажала.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
- А вие, по умот на мангупите од одделение, а? – ја прекина мајка ѝ – Тие до полноќ во Луна парк и вие со нив!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Кога ќе дознаат таткоми и мајка ми, тешко мене!
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)