Малото шаховско поприште му откриваше широк пат во животот, го одведе еднаш и во странство, и веќе опипливи му се чинеа мечтаењата за светски турнири и турнеи, за гостувања кај шаховски снобови - бразилијански владетели на плантажи или баснословно богати махараџи, во дворците на кои убави жени, покриени само со проѕирен превез, ги извиваат своите тела во танци при ноќен водоскок, а оние црни очи им горат, им светкаат.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На себе носат волнени шајачки облеки, ишарени со гајтани.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
На колената им светкаат пушките.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Гласот им светка со светлина од Создавањето и слушајќи ги си велам: Не продолжувај никаде, скриј се во нивниот глас и низ него исчезни. Не продолжувај, доколку господ веќе ставил точка на сè. ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Птици се тоа собрани на миса - се чита евангелието по Лука, и на местата пред да се рече Амин тие заедно и тихо запејуваат.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Наредени се сите деца од одделението пред училишната врата; пониските напред, повисоките одзади за да се гледаат сите; некои се потстрижени, а некои сосем истрижени и главите им светкаат како тикулиња; девојчињата со долги коси или со плетенки; некои се врзани со шамии или навезани убруси; облечени се кое како имало: некои со нови алишта, некои со ветви; со чевли или со опинчиња; во рацете држат сведителства за завршено четврто одделение; некои се насмевнати, а некои стутулени како исплашени или тажни; некои се со ишиклени очи, а некои со замижани од сонцето.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Само очите им светкаа и не беа грев туку сведоци на гревот.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Гавраните ги зобаат ѕвездите. Затоа очите им светкаат однатре.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Такви беа и трговците со ништо. Очите им светкаа.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На еден панаѓур, на мајка ми некој волшебник и прескажал дека ќе роди умно дете.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Очите им светкаат, како огниште промешано од стројник.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Штиковите им светкаат во темницата. - Заколете ја, бре, вели војводата. Заколете ја, кога не се разбира. - Заколете ме, велам, побргу да си појдам кај децата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Главите им се покриени со железо, со некакви шлемови што им светкаат ко тикви - видимки, ко црпки.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)