Во одговор на ова – веднаш, преку ноќ, работодавачот ангажираше познат скопски адвокат (И. Панчевски), кој лошо го советува да им изготви отказни решенија на иницијаторите и предводниците на штрајкот, иако тоа е противзаконски чин, што и беше сторено.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Спорот на Кирова настана кога, по враќањето на работа и по приложувањето на ова валидно решение на раководните органи – веќе следниот работен ден истите носат одлука за прекин на исплатата на регресот за храна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Речиси никој (со исклучок на синдикалните активисти), 299 не знаеше како оди процедурата за основање синдикат на ниво на работодавач; потоа, многу малку работници знаеја дека работодавачот мора лично да им врачи отказ во задолжителна и единствено релевантна писмена форма и не може туку-така усно да ги „избрка“ од работа или, пак, дека им следува право на дополнителна пауза за време на течењето на отказниот рок – со цел барање нова работа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
1. За скицирањето на денешните работнички проблеми Tuta est custodia, quae sibimet creditur. Најдобар чувар е оној кој сам си ја чува сопствената ствар.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Со закон и колективен договор може да се утврдат и други случаи на кршење на работниот ред и дисциплина и на работните обврски за кои работодавачот го откажува договорот за вработување без отказен рок (чл. 82, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
По добивањето на отказното решение нашиот соговорник, заедно со уште двајца други работници (еден од Скопје, а друг од Куманово), поднесоа приговор до работничкиот совет,3 во кој наведоа дека отсуствува елементот на вина, бидејќи тие натовариле точно онолку колку што пишувало во кантарската белешка и во испратницата, како и тоа дека не се сослушани да дадат изјава во своја одбрана, а не им е оставен ниту гарантираниот отказен рок кој им следува согласно Колективниот договор за Агро-синдикат и Здружение на водостопанството.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Заклучок Хероите на работничката класа vs. апологетите на правниот позитивизам
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Згора на сѐ, и записникот за извршената контрола, кој беше без печат и без деловоден број, имаше датум кој не одговара со критичниот датум кога се вршел утоварот; тужениот работода- вач не го пријави случајот во МВР како кражба, ниту пак поднесе било какво барање за утрврдување и надомест на материјална штета од избрканите работници – меѓу кои имаше и вработен кој порано, поради својата чесност и посветеност, беше и парично наградуван како најдобар работник во претпријатието.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во меѓувреме, покрај тоа што на фирмата почна слабо да ѝ оди пласманот на својот асортиман и да назадува зад конкуренцијата на пазарот, настануваат и одредени внатрешни превирања и поделби на вработените на неколку табора.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
На пример, најголем број од работниците воопшто не знаеја дека, во случај да останат без работа, може да им следува паричен на- доместок, по основ на привремена невработеност, којшто го зе- маат преку АВРМ – но кој не им го дава државата како некаква милостина, туку затоа што тие самите, од своите плати, додека биле вработени одвојувале за него.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Наградата на извршителот за извршените дејствија, извршителот ја определува според видот на извршната исправа 295 296 Табела 1 Цена за Награда Износ на главно побарување администрирање за извршените дејствија на предмет 1 до 50 ЕУР 5 ЕУР 7,5 ЕУР 2 над 50 до 100 ЕУР 6 ЕУР 10 ЕУР 3 над 100 до 300 ЕУР 7 ЕУР 15 ЕУР и видот на побарувањето кое треба да се изврши, како и според 4 над 300 до 500 ЕУР 8 ЕУР 35 ЕУР 5 над 500 до 1.000 ЕУР 9 ЕУР 40 ЕУР 6 над 1.000 до 2000 ЕУР 25 ЕУР 9% од наплатениот износ, но не помалку од 50 ЕУР 7 над 2.000 до 3000 ЕУР 30 ЕУР 8% од наплатениот износ, но не помалку од 60 ЕУР износот на главното побарување утврдено во извршната исправа 8 над 3.000 до 4000 ЕУР 35 ЕУР 7,5% од наплатениот износ, но не помалку од 100 ЕУР 9 над 4.000 до 5000 ЕУР 40 ЕУР 7% од наплатениот износ, но не помалку од 140 ЕУР 10 над 5.000 до 7000 ЕУР 45 ЕУР 6,5% од наплатениот износ, но не помалку од 160 ЕУР 11 над 7.000 до 9000 ЕУР 50 ЕУР 6% од наплатениот износ, но не помалку од 210 ЕУР кај паричните побарувања, односно вредноста на предметот на 12 над 9.000 до 11000 ЕУР 55 ЕУР 5,5% од наплатениот износ, но не помалку од 240 ЕУР 13 над 11.000 до 15 00 ЕУР 60 ЕУР 5 % од наплатениот износ, но не помалку од 280 ЕУР 14 над 15.000 до 25000 ЕУР 80 ЕУР 4% од наплатениот износ, но не помалку од 380 ЕУР 15 над 25.000 до 40000 ЕУР 95 ЕУР 3,2% од наплатениот износ, но не помалку од 480 ЕУР извршување кај непаричните побарувања утврдена во извршната 16 над 40.000 до 60000 ЕУР 115 ЕУР 2,5% од наплатениот износ, но не помалку од 640 ЕУР 17 над 60.000 до 100000 ЕУР 125 ЕУР 2% од наплатениот износ, но не помалку од 800 ЕУР 18 над 100.000 до 200 000 ЕУР 135 ЕУР 1,6% од наплатениот износ, но не помалку од 1200 ЕУР 19 над 200.000 ЕУР 150 ЕУР 1,2 % од наплатениот износ, исправа (чл. 5, ст.1 од ИТ). но не помалку од 1600 ЕУР Табела 2 Извршни дејствија Чинење / Цена 1 Копија 0,5 ЕУР 2 Изготвување на каматна листа 1 ЕУР по стапка 3 Препис на сопствен документ 0,5 ЕУР од страна 30 % од цената на литар гориво што го 4 Доаѓање до местото на извршување, но не со превоз од странките, доколку користи автомобилот - за секој изминат местото е подалеку од 5 км. од седиштето на извршителот километар Изготвување на барања за лични податоци на должникот и барања за 5 ЕУР по барање, но не повеќе од 5 податоци и информации за имотната состојба на должникот 30 ЕУР за сите барања 6 Увид во регистерска влошка и во трговски книги 15 ЕУР 7 Изготвување налог за извршување 20 ЕУР 8 Изготвување на записници 32 ЕУР 9 Изготвување на заклучоци 16 ЕУР 10 Изготвување на службена белешка за прием на писмено заради доставување 3 ЕУР 297 и дејствијата преземани заради доставување согласно закон 298 11 Извршување на дејствие на попис/забелешка наместо попис за недвижност 48 ЕУР за 1 час дејствие 12 Извршување на дејствие на попис, пленидба и продажба на подвижни 48 ЕУР за 1 час дејствие предмети 13 Извршување на дејствие на јавно наддавање 48 ЕУР за 1 час дејствие 14 Извршување на дејствија согласно член 218-232 од Законот за извршување 48 ЕУР по 1 час дејствие 15 Изготвување договор/записник за продажба со непосредна спогодба 30 ЕУР 16 Успешна лична достава на судски писмена и други писмена кои 20 ЕУР за достава до едно лице произлегуваат од вршењето на работата на извршителот до должникот Непосредно предавање на судски писмена и други писмена кои 17 произлегуваат од работата на извршителот до државни органи, јавни 6 ЕУР институции, носители на платен промет и доверител Достава на судски писмена и други писмена кои произлегуваат од работата 18 на извршителот до државни органи, јавни институции, носители на платен Реален трошок во висина на поштарина промет и доверител по пошта 19 Составување на одговор на приговор 45 ЕУР 20 Разгледување на подвижни предмети и недвижности 15 ЕУР час 21 Присуство на судско рочиште по приговор 45 ЕУР 22 Реални трошоци настанати при преземањето на извршните дејствија Во стварен износ и такси
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, бидејќи претходно таа веќе беше паднала во немилост на нејзиниот директор – и покрај тоа што на дел од останатите работнички кои беа напуштени по истиот правен основ, им беа исплатени испратнините кои законски им следуваат – тоа, од неразбирливи причини, не беше сторено и во случајот на Триманова!?7 По ова, таа прави обид настанатиот спор спогодбено да се разреши – на трипати, во придружба и на нејзиниот сопруг, се обраќа до сопственикот којшто истовремено е и менаџер на акционерското друштво.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Битно за работниците е да знаат дека некој од правата кои инаку им следуваат по основ на привремена невработеност – тие автоматски ги губат ако добијат „дисциплински отказ“.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Иако во рамки на претпријатието МК „Стоби“, барем на хартија, имаше основано и регистрирано синдикат, неговото неактивно раководство замижуваше пред ваквите неправди и беше сосем безгласен во заштита на правата на тамошните работници.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Поточно овој противзаконит акт беше обично Известување бр. 04-777 испратено од секретарот на „Дервен“ до сметководството и благајната на претпријатието – кое се однесуваше на сите вработени кои имаат решение за инвалиди на трудот6 и кои работеа со скратено работно време, а со штуро образложение дека веќе „не им следува такво право“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Како своевидно резиме, по вака спроведената студија, а врз основа на презентираните искуства на дел од македонските работници кои, во годините наназад, се одважија да водат работни спорови против своите работодавачи – можеме да ги нотираме следниве присутни проблеми, на чие отклонување активистите на ДСП „Ленка“ имаат намера поинтензивно да работат во периодот кој следи: 1) Недоволно познавање на работничките права Особено зачудува, а на моменти иритира и обескуражува, евидентната незаинтересираност на работниците за осознавањето, макар и на основните права од работен однос, а камоли пак за запознавањето со начините на нивна заштита и унапредување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Но, овие луѓе на кои им дојде „нож до коска“ од долгогодишните шефовски лаги и глумења, беа подготвени на ваков пресметан ризик уште од почетокот на борбата, па останаа упорни и солидарни во заедничката битка – и воопшто не се плашеа од негативните консеквенци и реперкусиите кои следуваа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Над фабриката беше отворена стечајна постапка и беше назначен стечаен управник од Скопје.4 Сите вработени отидоа „под Биро“ – т.е. секој, зависно од својот стаж, неколку месеци земаше паричен надоместок во случај на привремена не- вработеност, кој им следува како уставно и законско право.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Еве, пред вас, истото морав да го образложувам на еден млад татко чие дете боледуваше од леукемија, потоа на една жена која бараше права што им следувале на инвалидни лица ...
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
Кметот му го превзеде гласот: - Вели: „На тие што се бунат им следува не леб - туку бесилка!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Покрај тоа, ним не им следуваат сите оние права кои ги имаат според закон работниците во редовен работен однос.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Венчаните денес секогаш можат да се разведат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е ни чудо што геј-луѓето не можат да го поднесат.
Еве, да речеме, разликата меѓу хетеросексуалната венчавка и геј-свеченоста на заветување.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но, како го окончуваш она што, кога првпат си се впуштил во него, си решил – во интимен обред на потврда што си го одиграл пред сите пријатели кои свечено си ги задолжил да го посведочат – да го викаш „доживотно сопатништво“?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разводот е една од многуте повластици на бракот, една од многуте придобивки што им следуваат на тие на кои им е дозволено да се венчаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Но ако, пак, се случи и тие да се согласат со неа, тогаш добро е Скрче да фати адвокати и да докаже дека ним не им следува ништо, зашто секоја од нив по нешто зела кога се мажела, ако не имот, зела чеиз...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)