Според српската поговорка „Митров данак хајдучки растанак" и Толе мораше да бара зимовиште, толку повеќе што востаниците ја напуштија борбата, та и тие се прибраа да се издишат, некои по Бугарија други, ете, по градиштата, како Пере и Ѓорче.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
И дури пашуваше тој по Мариово, ниеден селанец не стапна во турски уќумат да тужи некого. Сѐ што имаше — им судеше Толе.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ако ги затече живи „бунтовниците“, тој лично ќе му ги предаде нему — на валијата, да им суди судот, ако имаат кабает.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
2. Конзулот си достоја на зборот и му ги теслими на валијата „бунтовниците“ Шаќира и Ѓура пак со интервенција да им се суди по царските закони, и овие се најдоа уште истата вечер во Катилана.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Можам да пресудам право за нив, иако човекот не е судија, тој никогаш не смее да им суди на другите.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во некои моменти се прекорував себеси што се мешав во работите на големите, што, секако, не е правилно децата да им судат на родителите, но тоа не ја намалуваше мојата болка.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Тој мина со дланка преку челото: па што. човекот им суди на невестулките на потполошките, на јагулите, на глувците, на лебарките, на каменот и на дрвото- па што?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Но се случи: некоја од жените рече дека не може секој што ќе дојде од преку море да им суди на оние на кои папокот им е врзан за штурата земја, за каменот на неа.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Таквите луѓе не плаќаат наметок ни житен, ни вински, ни месен, ни сирен, ни затвор пазат, ни гласници бидуваат, не се дозволува што било да им се земе - било коњ, магаре, вол, а и државна такса не плаќаат, ниту глоба на кој било чиновник, како и самоволно да бидат апсени поради клевета, непослушност или друго, па и никој да не им суди, зашто на ваквите луѓе им суди само манастирскиот суд и игуменот.”
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Затоа, впрочем, Севишниот и ги задржал во ,небескиот трибунал да им судат на помалку искусните и грешните ,да ги спасат ако с уште има лек за нивните души!
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Но, пред ,небескиот трибунал на моите предци јас не смеам да запаѓам во химерични тиради, кои би можеле уште повеќе да ми ја отежнат положбата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Останаа поп Јаков со дружината во затворот од тврдината да чека со што казна ќе ги накажат аџиите и забитот, ако навистина не ги пратат кај султанот да им суди лично тој, како што им ветуваше аџи Јане кога ги наговоруваше да се предадат.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
А нашите од командата нѐ собираа на ноќни судења и им судевме – смрт.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Најпробраната грдотија стана идеал за убавина. (...)Ќе им суди германскиот народ, а ние не мораме да се плашиме од пресудата.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
- Ќе им судат ли? - Можеби ќе им судат, а можеби без судење ќе ги стрелаат. На Трајче му падна жал.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)