им (зам.) - тече (гл.)

Така и јас денес: седам пред компјутер, прелистувам туѓи биографии на Интернет, па се нервирам како на разни Ојлевци и Дојлевци им течат мед и млеко додека мене ми цури животот.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
При откопувањето на гробовите каде што лежеа нивните татковци, им ги собраа изгниените коски во платнени вреќички, и откако отец Серафим ги отпеа: „Мир да им течи во коските...” ги ставија врз ковчезите на нивните синови и пред да ги покријат со земја, и ним отец Серафим им отпеа молитва: „И во вашите коски мир да тече...“
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Томето и Петар си разговараа многу природно, спонтано, толку убаво им течеше разговорот, што имаа чувство како да се познаваат со години.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зад нив под месечината остануваа да се црнеат една зад друга нивните изорани крвави траги, по кои подоцна, како уште пострвни мршари, се собираа и го јадеа сиот тој снег, само најстарите и најбессилните, на кои годините и раните, што им течеа, не им даваа да се понесат на танецот на тоа виорно, крваво оро.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А грозна смрт ги зафаќаше; кравите, воловите, телињата, умираа од надуени меови, со кренати нозе како на гајда; од устите им течеше пена и недоџвакано зеленило; очите им беа испопулени, ишиклени; главите ги држеа свртени кон небото како да чекаа од него спас или навалени на едната страна како да се одмораат и спијат; опашките кренати и извалкани од лепешки; пред да умрат, испуштаат издишки, јачат како човек што тешки болки го притискаат; преткаат, клоцаат со нозете како од нешто да се бранат; ако се згодиш тука крај нив, те гледаат милозливо, те молат очекуваат од тебе спас;
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Додека не ги „фаќа“ лудилото, како што велат луѓето, тие се мирни, лежат под стреите, си подаваат цигара, се шегуваат, намнисуваат, но кога ги „фаќа“... тогаш „занаетчиите“ најмногу лудуваат, стануваат опасни, а оние што навистина се болни, лежат овде-онде, удираат со нозе и раце, копаат со петиците, со нокти си ги раскрвавуваат образите, се превртуваат и пена од устите им тече.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Колку што паметам така некако им течеше говорот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, на Ане и на Дора веќе им течеа солзи од смеење.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Туку ај по ѓаволите со јаловите сонувачи На кои ене и на билбордите им течат лиги Макар за едно само едно асолно сонче Е нема де нема секој каква што прилега сонувачка мантра Ниту му прилега на секој сон Да се вее како знаме на јарболот Пред палатата на вечните сонови Што се однесува до мене Си знам дека од пишаното не се бега Па стига ми е и сонувалникот
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Реално ли е да се сонува дека Хунзите Можат да им позајмат на Македонците Барем по еден принц и принцеза За да може и во обесцарена Македонија Да заврзе благородничката лоза И на Македонците веќе да не им течат лиги Што секаде во соседството се вратиле кралчињата и царчињата А само тие останале со празни раце Тоест со претседатели премиери и државници од друг вид?
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Солени капки пот им течеа од челата и се слеваа низ лицето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Деца како деца: на едни севезден им течат лиги од добрина, други веруваат дека среќата се извлекува со рибарски мрежи од океанот.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Жива вода се станати. Од секое влакно на главата пот ,им тече.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Да не може невеста да извади боска надвор, да го нацица детето. Џандарите зркнале како пчишта, лиги им течат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Војници го навирале носот и им тече ко кладенче.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Се држат за глава, на некои им тече крв од носот, им се разлева по предниците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
еднаш, за една иста коска се фатиле со едно куче и се наттргуваат, си ја отимаат коската, се дават, крв им тече од ноктите и од забите, на Стевана, ко вода му се нишаат забите, не знам кај беше ова и не знам кога беше, јас мислев во цвеќе ќе ја најдеме Македонија, а таа во казан клаена и сите ѓаволи играат околу неа, ќе ја посееш жито, а кукавици ќе ти никнат и после не кладоа да вежбаме војнички работи, фронтот е како кај Бигла, а ние како кај Зајгазица во ливадите вежбаме: напред, назад, клекни, легни, а командирот, некој добар, Благоев го викаа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)