им (зам.) - умре (гл.)

На некои од селаните им умре по некој вол, коњ, магаре.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Утрото на децата им кажуваат дека сестричето им умрело.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сите тагуваа како да им умрел најблизок човек, но никој како јас.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Откако им умре Митруш, првата рожба и сѐ уште првата загуба, многу години поминаа и уште повеќе времиња се менија.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Беа тоа геј-мажи со средоземно потекло кои носеа црнина и превези какви што носат италијанските селанки откако ќе им умрат мажите.189 Во Јужна Италија и на Сицилија, постојаната црнина ги издвојува жениве и од нив прави многу упадливо лице на ужаленоста, авторитетот, возраста и автономијата во традиционалниот селски живот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Се помирија со судбината небаре им умре детето и тие продолжија да си живеат како сите сиромаси во селото.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тамам што поминаа две години убав живот, чичето се доразболе и им умре, од чиста пакост, како што мајката им се доверуваше на некои пријатели.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Им умре машко детенце и сите бевме тажни.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Најчесто се вслушнуваат оние кои најногу жалаат и тагуваат за некој што им умрел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)