Толе му кажа на Челебијата за случката со Ѓузепа и подвлече дека тој така се пазари за еден месец и така ќе работи, па од другиот месец ако им чини на обајцата, ќе остане, ако не, ќе си бара и тој чорбаџија, ќе си бараат и тие работник на неговото место.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Луѓето на кои ќе им речеше дека виното не им чини, патеа, се јадосуваа, и чинеа сè да го поправат, да го залечат, оздрават.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
На сите роднини и пријатели ќе им чини чест што имале таков роднина и пријател”.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
И Германката не им чини.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
- А ако кренат рака на тебе? - Е, ќе кренат! Зошто, кога не им чинам зло? А затоа и со син ми се карам.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
А и сликарите, што е за право, се почесто подригнуваат.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во Амстердам расте бројот на оние на кои им е убаво затоа што на другите не им чини.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Ако среде чепкање во носот ги полази некоја зелена или златокрила мува веднаш ќе се обидат да ја плеснат по газ со обете раце како да го упатуваат својот единечен аплауз баш кога не му е време.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Што ако цела сала ќе ги наврти кон нив прекорните погледни, толку да им чини на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Или не знаат да нишанат, или нишаните не им чинат, велат. И на оние отаде и на овие одаде.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
За да го ослободи од стравот, татко му му купил играчки со тие животни и го терал да си игра со нив; да ги фаќа, да ги клоца, фрла, да им чини сè што сака; и детето, малку по малку, се отстрашило, и кога ќе ги сретнело животните - веќе не се плашело од нив.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)