Но подоцна научив што треба да правам: во првиот миг кога мајка ми ќе започнеше разговор со некој од купувачите, јас го измолував татко да ме пушти да одам да читам, тој ми одобруваше, па јас набрзина излегував од продавницата и тргнував кон читалната.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Не треба никаде да ме бараат, Танаско. Јас повеќе не сум им потребен.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Истрпев уште некое време таму, па ја напуштив работата, односно и тие ми ставија до знаење дека не сум им потребна.
„Седум години“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2012)
- Немате слушнато зошто ме бараат? Зошто сум им потребен? - го прашав колку што е може повнимателно мојот потчинет Вртанов, а во врска со наредбатата на убавата Росана.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Секогаш кога сакав со брат ми да тргнам кон библиотеката, каде што тој минуваше часови, мојата мајка велеше дека сум им потребна нејзе и на татко во продавницата, и јас тргнував со неа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Зошто сум им потребен? За она, што обично се случува помеѓу нив двајцата јас сум им сосема непотребен.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)