им (зам.) - дека (сврз.)

По извесна пауза, Џон и Ен започнаа нова рунда на обвинувања.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повторно морав да ги прекинам, објаснувајќи им дека разбирам како се чувствуваат во врската и дека понатамошни демонстрации за тоа нема да бидат неоп­ходни.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се обидувам да ги утешам Мајкл и Кори објаснувајќи им дека од лошо има и полошо.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„Кажи им дека не сакам“, реков.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АНЃЕЛЕ: Јас ќе му речам на татка им дека се многу умни и да прати пешкежи за Спаса и за Танета; за Спаса кукла голема со коси та кога ја навали да спие, а кога ја исправи да гледа; а на Танета, да му прати еден костим граѓански алишта, една топка за да си игра и една музика да си свири.
„Парите се отепувачка“ од Ристо Крле (1938)
Ти си ми вистина пријател, ама тие се во право.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Аман, Арсене, куртули ме! Докажи им дека тоа не може да биде! Кажи!
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Речи им дека штурците имаат рогови, тие ќе се согласат.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
— Речете им дека сум загинал во борба...
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме пушти оставајќи ја болката на прстите на моето месо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Оди си“, се наведна. „Кажи им дека сум овде, дека ги чекам да дојдат и да ме запалат. Во детството ме апнала змија.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шефот на станичката одеше од купче до купче и со лопатчето ги разбудуваше луѓето, покажувајќи им дека ги чекаат вагоните.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
- Сестро, - викна доктор Ференц одведи го колегата во магазинот и кажи им дека јас наредив да му дадат панталони, блуза и шинел. Ако нема шинел, тогаш ќебе.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Пелагија исто така им благодареше со топли зборови, ветувајќи им дека нема да се заборават, дека секој ден ќе наминува кај зградата Сите ние имаме иста судбина, зар не?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
За тоа време, скриена од светот Горда го родила детето и го оставила да го чуваат јабанџии, ветувајќи им дека наскоро ќе се врати да си го земе.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Затоа бегот не им дозволи на бугароманите да градат црква сред село, туку ги истера од сарајот, велејќи им дека можат да се молат во старата црква Свети Атанас, надвор од селото.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Јас ти посакувам само со олку да поминеш, ама сфати сериозно и оди право дома да легнеш.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
На родителите кажи им дека си добил инјекција тетанус, тие знаат каква храна можеш да јадеш. Не ти е првпат.“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Чанга сакаше да ги смири козарите велејќи им дека се работи за обична приказна и дека не може да има никаква врска со нашите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па кога ќе се осигурам дека тропањето е од добиците, ќе си речам: блазе си им дека тие не знаат ништо. И се топам, како скрушец во ноќта.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)