За политиката одлучувале тела кои биле потполно надвор од СОЕ, СОЕ единствено можела да каже што мисли за оваа или онаа политика и тогаш да чека други да одлучат каква политика ќе се избере.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“
од Тодор Чепреганов
(2001)
Влезе, поразговара и запиша во својот список едно име: Стојан Ванков, роден тогаш и тогаш, тоа и тоа, неженет и - доселен по војната од зад граница. „Благодарам“, рече кришум гледајќи кон касата, а тој, Ванков, имаше доверба во него и му говореше со асматично шушкање до душникот за сѐ - какви се цените на пазарот, кога бил најголемиот пожар во некој голем град, каква политика води Черчил.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)