- Господе! Каква убавина! - извика Рада држејќи ги двете разнобојни обетки во својата дланка. Но, зошто се различни, се прашуваше без одговор. Ја маѓепсаа и двете.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Какви мириси, какви убавини доаѓаа оттаму?! Те фрлаат во занес!
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
„Каква убавина, а мајсторе?“ го праша насмевнато Калија.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
- Каква убавина, каква убавина! - шепотеше Денко.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Мајче, каква убавина! Какви далечини! Какви широчини!
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
- Впрочем на какви убавини можев да се надевам ако останев во полето?
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Сметав дека можам да бидам среќна со тој човек. Во тоа верував и уште верувам.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Ох, каква убавина, виделина се ширеше насекаде наоколу, се топеше снегот, минејќи низ полето нешто топло како струичка влегуваше во мене, некоја чудна, убава треска ме тресеше.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Љубов што не се осмелувам ни да ја допрам, за да не расипам таква убавина. Каква убавина.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Таму да преспиеме, па другиот ден ранина преку Бегово Поле - до Солунска Глава. Ех, каква убавина!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)