Во истиот период овде беше вработен и професор доктор Климент Камилски, преживеаниот од Голи Оток, кому во почетокот не му беше дадена утврдена работа, па со познанството и зближувањето со Татко, голем дел од времето минуваше со сиџилите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
кај станицата синџуку во токио тој петок, да беше петок, се собираа педери кои во јазикот на новото време се именуваат како хомосексуалци а нивните паради се именуваат како геј паради и навистина чиста случајност е што токму во геј улицата близу станицата синџуку во токио имаше многу бездомни кучиња, мала парада на бездомни кучиња кои никаде не брзаат а дишат испрекинато и кога зјапаат во минувачите и кога се клецкаат, да простите близу станицата синџуку се наоѓа градската куќа на токио вообразена и вообличена како бетонски нотр дам баш тука како да се разминав во врвулицата со професорот кензо танге арно ама не стасав да го поздравам од пријателите од скопје професорот кензо танге кому во токио сите му се поклонуваат сигурно горчливо ќе се насмевнеше ако успеев да му го спомнам скопје тој и онака севезден се смее, се смее и на легендата дека токио и цела јапонија се создадени од божјата насмевка и онака низ смеа професорот кензо танге кај станицата синџуку во токио шутна една празна лименка од пиво а знаеше дека го шутира испиеното минато како што знаеше дека син му кокомо кога тогаш во токио ќе сади нови јајца и на врв јајце ќе се насладува со цедени насмевки и ќе ја ишка секоја идна катастрофа пред да удрат ѕвоната на бетонскиот нотр дам.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Така, дополу признат а отпулу несфатен, Гого го корчеше својот пат, не толку кон надворешната слава колку кон внатрешниот мир, како слеп крт кому во темнината му се привидуваат само сопствените животни потреби.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Татко му ги преведуваше најзначајните сиџили, при што Камилски ги редактираше јазично преводите.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)