кој (зам.) - прв (бр.)

Кој прв, тој кум. Ти си прв, ти си кум.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Во Козар маало и други кози и јарци носеа имиња сврзани со името на Сталин, но не знаевме дека така се вика и главниот прч на Чанга, кој прв ја загледа нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Ова тврдење постојано методски го мелеа и сѐ повеќе распалуваа колективна омраза кон човекот за кого сме пееле песни, сме го славеле и за земјата која прва ни подаде рака, нѐ хранеше, нѐ вооружуваше и ни ги лекуваше раните.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)