Постојат, демократи, други времиња и обичаи
има вистини кои не се кажуваат во дијалог
на гозба и оргија, при муслини и мириси
од етерични масла и прележани вина
има вистини кои не се питки и питоми
вистини сами од себе кои вреват
вистини за преврат
за народ, аристократи
и пците веќе знаат
и глувците осеќаат!
__
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)