Просто сакав да напоменам дека, во моментот кога зборувам за сопственото обрезување, сите тие решетки на исчитувањето, наборите, преградите, повиците и преносите ни се едноставно под кожата, па и во полот.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Да го споменеме, на пример, меѓу илјадниците други, примерот што никогаш не сум го наведувал - објаснувањето на Мајстор Екхарт кој известува за тоа што Мајмонид рекол во врска со обрезувањето, колку научно толку и наивно: “при сечењето на препуциумот повеќе се имало наум уживањето и задоволувањето на телото отколку создавањето на ново суштество.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ниту пак, имаме намера да ги регистрираме латинските записи, различните патеписи или бројните хроники кои известуваат за освојувањата на градот, како ни сѐ она што е напишано по повод катастрофалниот земјотрес од 1963-та...
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)