Таа не се сеќаваше на ништо од пред почетокот на шеесеттите, а единствената личност што некогаш ја познавала и која често зборувала за деновите пред Револуцијата, бил еден дедо кој исчезнал кога таа имала осум години.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Жалеше за зборовите кои исчезнуваат од меморијата на луѓето, свесен дека од сите зборови се создава вистината.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Некои ненапишани песни
извесно време се по патничките торби
на пазар, за да се издвојат симболите од цените
меѓу нераскренатите здолништа
и мирисите кои исчезнуваат
меѓу каишите разлабавени како случајни желби
меѓу знаците за распознавање
заштитени со поединостите од сонот
според ноктите, грбот и забите
според нозете и легенот
го менуваат описот на младоста
и се подготвуваат еден ден
под којзнае кој агол
и облик
да се јават
:
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
И ете, наспроти сите божји нешта, Сега луѓето застанати на прозорец гледаат и се крстат: Точно во таа доба и од страна зад која исчезна таа Квечерина, заедно со ѕвездите - изгрева и сонцето.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Тука е и олукот што ги исфрла полумртвите или само зашеметени пајаци, и лавабото (шолјата, лоша илустрација) во кој исчезнуваат тие неколку бубачки со кои детето си играло, трупајќи ги врз хартиените бродови и мерејќи колку долго можат да бидат под вода.
„МАРГИНА бр. 22“
(1995)
Ѕидниот часовник – предел во кој да ги откриеш тајните лузни на душата; песокта што ги покрива невратените; првата насмевка што се раѓа во крошните; полноќната птица што избега од библијата; прекрасните дождови што патуваат од праискони и чекаат пред портите на пролетта; пеперутките што во својот лет го пишуваат името на мојата татковина; `рѓосаниот меч на воинот; исчезнувањето на зборот; тревата весела како детенце пред да му облечеш кошулка по бањање; ноќта во која исчезнаа светулките и се скрија меѓу цветовите на сината вазна; бесконечните надоаѓања на болката и на огнот,
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
За да не ве доведувам во заблуда разумно е веднаш да признаам дека сите мои разговори со Виктора се сведуваа на неизговорени прашања кои исчезнуваат пред да бидат соопштени.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)