кој (зам.) - остава (гл.)

- Ахаа ... сакате да кажете, ќе ме сослушате, но тоа ќе биде како монолог во ветер, шепот во воздухот, здив во студено зимско утро, кој остава трага само додека дишете?
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
„Ете, уште една желба и задача за во годината во која одвај зачекоривме“, рече тато Петре, кој оставаше дедото и внукот да си разговараат.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Павле ја извлекува главата и ја брише потта со ракав кој остава на лицето калливи траги. - Сега можеме да појдеме.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Оној кој остава во убедување секогаш е понадмоќен од оној кој верува или присилува на верување.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Човек кој остава ваков коњ и вакво чупале, рече, сигурно не е ајдутин, сигурно е некој чуен трговец кој навистина мислел да го врати Бошета ваш, и сам да се врати по коњов и чупалето, но може пореди снегов и студов го згрешиле патот па сега двајцата заедно лежат удавени или замрзнати, јали во некој дол јали во некој вир.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Али Фети, држејќи ја запалената пура, во еден миг му се обрати неочекувано на својот внук, оддалечувајќи се од претходната тема, која оставаше да ја продолжи во некоја друга средба: Ти, синко, бездруго имаш свои планови, да ги продолжиш студиите во Цариград?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Стоев збунет и раскрвавен; ништо не преземав (всушност знаев дека паниката нѐ прави невнимателни, а при вакви состојби невнимателноста е сестра на несреќите), а потоа, сосема неочекувано, како од некоја непресметлива далечина, се јави гласот на Катерина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи, тоа беше клокот од грофтање , од мукање, од блеење; булукот протатне покрај мене и низ мене како најбрз летен порој кој остава зад себе пустош а во нас ја поттикнува рамнодушноста и тоа само заради немоќта да му се спротивставиме.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)