Тој сега беше убеден дека и функцијата им ја должи на тврдокорните, кои беа уште силни, а најмалку на секретарот, кој појде по умот на Цветана Горски, по тие клети јагули.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Оди право пред себе, газејќи по трагите на тие кои појдоа пред неа...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со првата ноќ пак како во почетокот на патувањето се собирале околу огнови, не како некогаш - да раскажуваат доверливо што било во минатото, со што сакале да ги сокријат грижите за утрешнината, не, не, туку да се отворат загрижени еден пред друг за иднината.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Сѐ повеќе ги притискала смртта на оние со кои пошле од своето бедно село што се споменувало само во даночната администрација или во беговските тефтери и се мачеле дури и на спиење од сеќавањето за вчерашните восочни лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)