Кликтежи ви требаат, поету мој, ако не за друго, бар да ве слават и прославуваат, на вас да посочуваат како создавачи на убоста од која се храни животот, а не на грубоста која убива и ништи?
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
19. Не го мрази непријателот свој, бидејќи ако тоа го правиш, на некој начин ќе бидеш негов роб.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Твојата омраза никогаш нема да биде повредна од твојот мир.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
17. Кој убива поради правда, или поради она за што верува дека е праведно, не греши.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
18. Делата човечки не заслужуваат ниту оган пеколен ниту рај.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тоа беше подмолна смрт, тивка, потајна, беше здив на смртта кој убива без насилство и без потрес.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)