кој (зам.) - момент (имн.)

А таа клима нема да падне од небо, туку ќе се создаде со јакнење на автентичното и здраво работничко движење, организирано во силни грански синдикати кои со својата масовност и организираност ќе можат во било кој момент да поведат класна офанзива преку традиционалните методи на борба: штрајкови, окупација на работно место, протест.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
За мене најголем предизвик беше проблемот како да се создадат такви просторни односи, во било кој момент пациентот да не мора да се соочува со преголем број на непознати лица.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тешко ми е да му го видам сега лицето на Дејан, излегува во дворчето со тилот свртен накај мене и само претпоставувам како изгледа неговиот совршен нос, во кој момент ќе се појави некој да го изгушка, а Дејан се врти накај мене, ме гледа со нов огромен завој сред лицето и ми светка со белите заби.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зедов едно пенкалце и почнав да пишувам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во зависност од тоа во кој момент што кажувам и како треба да го кажам.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Затоа да побараме нови херои, не веќе на слика и прилика на старите, оние мажи и жени „што успеаја да ги надминат личните и локалните историски ограничувања” и во било кој момент под било какви околности што успеаја „да го достигнат она општо човечко”.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Сега „ја имам”, си мислам, но и нешто друго ми пролетува низ главата: од каде таа знае во кој момент како сакам да се однесува?
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Никој не можеше да каже од кој момент и дали некој ја научи, но секој трет, четврт збор во нејзината уста беше мама Вера .
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)