Зачудува како човечката рака, во бездната создадена од водите на Јантра, таму каде што таа како змија го заплеткала Трново, се решила да гради живеалишта кои окото човечко оддалеку ги доловува како да надвиснуваат, и, се чини, секој момент можат да се струполат во водите на длабоката клисура.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Едно изгубено, затвореничко лице, со чело како јазол што завршуваше во ќелаво теме, со свиткан нос и испакнати јаболчни коски, над кои очите беа трескави и испитувачки.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И Рози, наведнувајќи се над кутијата, беше восхитена од живите златести и пуфкави топчиња, на кои очите им беа колку глава од игла, а нозете колку чепкалки за заби.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Звуци: една Марија за сета таа војска, за сите тие уморни лица, една Марија, на нивен јазик Лили Марлен, - и бои за кои окото се вкочанува, станува рамнодушно слепо.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
На која око ќе фрли, ако не го сака, носот да ѝ падне!
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
Јас не плачам. Сите жени на оваа маса носат очила. И пушат. Мензата е како оџак.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Ја имам таа болест - сум читала за тоа - од која очите ненормално се сушат. okno.mk | Margina #32-33 [1996] 192
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Сѐ уште не сум мажена затоа што не сум го нашла правиот човек.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
И ме прашуваат, Како ти оди љубовта, душо?
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)