Онисифор Проказник здробен во метежни визии го сонувал искинато и многу поинаку отколку што го доживеал дневниот настан во кој пукале еден на друг и се колеле меѓусебно луѓе што никогаш не се виделе, што не ги знаеле дребните радости и јадрите маки на своите случајни противници и кои судбината ги соочила среде крстопат на животот и смртта, ги поставила со своја умешна но и подмолна стратегија едни наспроти други, кукулинците, во игра на случајноста, со повеќе љубов за дружината отколку за осумте горјани што најпосле и не морале да се арамии или наемници на оној сур и таинствен Али-бег со повеќе прстења од злато и секакви скапоцени камења на рацете отколку што имал влакненца по рабовите на црвените, некако чудно вжештени очни капаци за кои најмалку еднаш годишно барал мелем против јачменчиња.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Така и мене за прв пат ми станаа достапни за читање овие книги, за кои судбината ме повика да му реферирам на А.А., во прогласената земја на атеизмот...
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Гледав крај мене како мојата сопруга Гзиме, така беше и во Тунис, се бореше со маките на семејството, со големата ќерка Блерина, и помалите ќерки Јета и Дита, кои судбината ни ги донесе доцна во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Најупорните или најгладните од дружината испекле нешто малку месо, изеле колку што можеле со последни сили опирајќи му се на сонот, она што останало го оставиле на двоколка за заспаните. Потоа со слатка ситост заспале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Можеби за овие шо лапаат милиони е малку понаклонета во споредба со некој мулти талент од Агино село за кој судбината сакала да се роди баш таму наместо во Мадрид.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Има луѓе кои судбината, управувана пак од луѓе, ги обележува за да почне за нив некаков прогон: тој скршнал на некој начин од линијата на животот обележана врз големата дланка на земјата во која живее и станал капитално ѕверче осудено на психички отстрел.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)