Верата и јазик – тоа се душата на еден народ, со изменувањето на кои еден народ прави коренен душевен преврат: тој се откажува од сѐ поранешно и зема сѐ ново.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знамиња во кои едната боја недостига или е заменета со друга: Полска (црвено- бело, недостига сината); Белорусија (црвено-бело-црвено, недостига сината); Украина (сино-жолто: жолтата боја е гранична вредност и на белата, и на црвената боја - затоа не може да се рече дека некоја боја недостига, напротив); Бугарија (бело-црвено-зелено: сината е заменета со зелената, која е повторно некаква си гранична вредност на сината: тоа е токму бојата на морето/плодноста).
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Гради две висококатници, од кои едната се извишува на 162 метри, и велат дека тоа ќе биде највисоката зграда во Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
За првпат во животот тој не почувствува презир за проловите, ниту пак мислеше за нив како за неподвижна сила која еден ден ќе оживее и ќе го обнови светот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
И луѓето под небото се во голема мера исти - насекаде, низ целиот свет стотици илјади милиони токму вакви луѓе, кои не знаат за постоењето на другите, одделени едни од други со ѕидови на омраза и на лаги; а сепак речиси сосем исти - луѓе кои никогаш не научиле да мислат, но кои натрупуваат сила во своите срца, утроби и мускули, со која еден ден ќе го превртат светот.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
До ковчегот, водарник со леѓен за миење и казанче за вода обесено над него со мало славинче; стомна, ѓум, матарка што татко му во свое време ја донесе од на фронт, целата исчукана од влечкање по ровови, а потоа и овде од носење по полето и планината; тепсија на која сјајот ѝ потемнал и ги покрил арапските шари на неа; над водарникот обесено парче огледало како месечинана на погибеж, прекриено со прашина и слепо; на спротивниот крај од креветот, ниска, правоаголна печка со четири нозе од кои едната е окуцана и потпрена со тула, со две тркалца на неа, - гусани обрачи што се вадат при готвење, и целата 'рѓосана; на неа оставено газиено кандилце како на гроб; на дрвената кукалка во ќошето обесена гајдата од татко му, провисната со писката и брмчалото надолу, како обесена овца; останата по смртта негова за да му го чува последниот дуеж во неа, неговата душа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
„Началниче, вие злоупотребивте искрено пријателство меѓу две жени од кои едната сум јас.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во двете соби, од кои едната продолжуваше во ниша изделена со ламперија, беа сместени неколку ниски тапацирани столчиња и една табуретка, меѓу нив дрвена масичка, креденец со три реда рафтови, шкаф за облека, трпезариска маса со неколку високи столици, како и два железни кревета кои некогаш ги користеле чуварите од фабриката „Металски завод“.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во таа уметност, на стари ноти, во познати тоналитети, наместо за прекуморско писмо од љубената, се пее за мобилен телефон; наместо за параходот што заминува, се пее за семафорот што го разделил љубовниот пар, оти таа минала на зелено, а тој морал да сопре на црвено; се пишуваат дебилни романи во кои една иста жена, Македонка, трипати ја силуваат, за петнаесет минути, еден по друг, српски, грчки и бугарски капетан, па со тоа се изразува трагизмот на македонската жена и на македонската нација поделена меѓу три аждери што сакаат да ја лапнат (притоа, овој раскошен дебил од писател не ни помислил дека на жената можеби ѝ е убаво со тројца, особено што сите тројца едвај издржале петнаесет минути, што за здрав маж е одвај десетина од сексуалната игра (овде намерно го натценував траењето на сексуалната игра, за да ја пленам Луција; очигледно, уште ми значеше, и покрај сѐ што ми стори).
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Ако јамката ја стесниме уште малку, ќе дојдеме до композицијата Раце што се цртаат, во која едната рака ја црта другата, и притоа двете формираат двостепена Чудна Јамка.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
______ 1 Постои една народна приказна во која еден орел го носи едно момче од „долниот“ во „горниот“ свет.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Ваквото сфаќање на духот и телото придонесува да се изгради теорија според која човекот е „двојно“ суштество, односно суштество кое се состои од „материја“ и „душа“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Според тоа, една личност го æивее æивотот низ две напоредни истории (два света), од кои едната се состои од она што се случува во и со нејзиното тело, а другата се состои од она што се случува во нејзиниот дух.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Нашїй-отъ ѧзикъ, како що є познато, се дѣлитъ на две главни наречїѧ, отъ кои-то єдно-то се говоритъ во Болгарїѧ и Тракїѧ , а пакъ дрȣго-то во Македонїѧ.
„Мисли за болгарскїй-отъ ѧзикъ“
од Партениј Зографски
(1858)
Има многу причини поради кои една кула не може да опстои; тоа може да се припише на неукоста на градителите, на злата волја на подлогата, или на недоволното количество врзивна материја која го држи каменот.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Навечер секој од нив тројцата седел што подалеку од огнот, плашејќи се некој тивко да не му се прикраде од зад грб, да не фрли вреќа врз неговата сенка и да ја однесе недозадушена, како црн гавран.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)