Кога философијата заврши покажувајќи дека секое нешто е општествена градба, таа не ни помогна да одлучиме кои општествени градби да се задржат а кои да се заменат. .
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Тие се согласуваат дека прашањето е кои општествени градби да се исфрлат а кои да се зачуваат и дека е без успех повикувањето на “вистинската состојба на нештата” во текот на борбите околу тоа кој да конструира и што.
„МАРГИНА бр. 1“
(1994)
Ова е поимот што ја опишува недостоинствената алтернатива на трагичното страдање.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Не е ни чудо што хомосексуалната желба редовно клони кон опседнатост со апсолутно, неовоземно совршенство, со беспрекорни архетипи или платонски суштини (совршено убавиот маж: Дорјан Греј; технички беспрекорниот лик на убавиот маж: „Совршениот миг“ на Роберт Меплторн; совршената оперска дива: лисабонската Травијата).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Аристократската идентификација зазема еден вид естетска или замислена надмоќност во однос на таквите луѓе.
Аристократството, така, им овозможува на обезмоќените еден заменски идентитет: таа претставува симбол, фигура, поза (или противпоза) чија функција е да ги изземе оние што ја заземаат од абјектноста на која инаку би ѝ подлежеле.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Бидејќи му посветуваат толку многу самотно време и самотен труд, уште од рана возраст, на изучувањето на особените одлики на своите идеални предмети на љубовта, утврдувајќи кои комбинации на одлики – или кој општествен облик – најточно соодветствува со зацртаното во нивната желба, геј-мажите се склони, додека сѐ уште се мошне млади, да воспостават многу подробна и строга умствена слика за она што точно го сакаат.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таа на средните сталежи им е начин да се издигнат, нешто како Веда во Милдред Пирс, преку презир кон сѐ што е средносталешко (Веда е најсредносталешка токму кога ја презира љубовницата на татко ѝ зашто била „упадливо од средниот сталеж“).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Омразата, омаловажувањето, жегливиот презир со кој општествено постремежливите припадници на средниот сталеж гледаат на средносталешката култура, а со тоа и си ја потврдуваат надмоќноста и исклучителноста, се непознати надвор од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Никој никогаш не ги нападнал вредностите на буржоазијата онолку жестоко како самата буржоазија (помислете само на Флобер или, впрочем, на целиот жанр на буржоаскиот роман од деветнаесеттиот век).
По самата своја дефиниција, тогаш, мелодрамата е неуспешна трагедија.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Тоа не е толку прашање на спасување на машката геј-култура од сведувањето на секс, колку што е сочувување на некоја концепциска и емоционална врска меѓу машките геј-културни практики и истополовите сексуални практики што ја прават хомосексуалноста сексуална ориентација.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Фелоус успева мошне сјајно да ја долови бессексноста на голем дел од машката геј-култура, зазбивтаната внесеност во свет на фасцинанти и скапоцени предмети, манијачната опседнатост со свеќници, со сребро, со брусено стакло и со резба и сите оние естетски задоволства што изгледа дека немаат никаква врска со сексуалното задоволство.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Наместо тоа, дејствува според општествената логика на одредницата „кич“ – како средство за погрда.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
И, навистина, голем дел од машката геј-култура благува во дејности што – за разлика од геј-сексот, кој општествено се осудува како ненормален и неприроден – будат сеопшт восхит од стрејт-општеството, сѐ додека подразбираат разубавување на светот.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ете зошто „мелодрамата“, сфатена како безвредна, недостојна книжевна форма, по правило се користи за да се карактеризираат, а и за да се обезвреднат, сентименталните животи на другите.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Разбирливо е што она што геј-мажите би го вреднувале и би го негувале во тие дејности е токму тоа што милостиво се изземени од сексуалноста и, со тоа, од обвинителна осуда, било од други, било од самите геј-мажи.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Ако кажеш дека некој е „мелодраматичен“ или дека нешто е „мелодраматично“, ти одбиваш да му ги удостоиш страдањата со достоинственоста што ѝ прилегаат на трагедијата, која општествено повластените луѓе или оние што се стремат да заземат положба на општествена повластеност, се стремат да си ја чуваат за себе.
Страдањето што не може да тврди дека е трагично мора да излезе патетично.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)