На некои, со кои последни и за последен пат разговарал, ги сретнувал по патот и таму, на станицата, им кажал, во доверба, дека засекогаш си заминува од Потковицата и дека во куферот, не го симнувал од грб, го носи и тефтерот.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Едно време, кажуваат тие, и се задумувал дека да им го остави тефтерот, но веднаш потоа гласно изразувал сомневање дека не се кадарни да исчуваат такво нешто, од непроценлива историска вредност, кога веќе не си ја исчувал земјата и луѓето на неа, и - не им го оставил.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И нашиов мајстор може да си припомни од тоа време неколку срдечни истории, од кои последната заврши со неговата женидба. Убаво беше тоа време!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Мажите конечно почнаа да се натпреваруваат со жените и тоа го означи почетокот на големите социјални промени кои ја преминаа модата и го поставија прашањето за односот помеѓу половите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Сега, конечно, куп мажи со чувство за мода, кои последните години беа исфрустрира ни со тоа што мораа да им објаснуваат на своите девојки што да облечат, можеа да се облечат онака како што сметаа дека треба.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Затоа кој последен се смее најслатко се смее.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Зимата наближуваше. Под нозете му шушкаа сувите лисја, кои последни паднале од дрвјата.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Озгора од куќата своја, го гледаше сето село како на дланка, гледаше сѐ што се случува во него: во која куќа наутро најрано станале, во кој двор се трча да се фати кокошка за колење, кои жени, уште недорасонети се караат преку плотовите; кои луѓе не си ги користат домашните алиња, туку клечат зад копите и гаждарињата во дворот и бавчите; кој уште пред да зазори, како гробник, како волк, бега од некоја куќа и се провира низ плотовите за да не го видат кај која ороспија преспал ноќеска; на кои чардаци што се суши; која се потпалила, која се препокрива, која се довршува, кој последен излегува од кафеаната и го бара патот за дома, кој влегува и излегува од селото: за добро, за лошо.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
5. СТАНУВАЈТЕ МРТВИ ЖИВИТЕ ДА ВЛЕЗНАТ - при тој повик во гробиштата би настанал метеж не за кој прв, кој последен да падне во бездна, а кој побргу од бездната на површина да светне...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Како потврда на ова, изворот ги цитира зборовите на Раде Прибичевиќ, кој истакнал дека "на последното заседание на АСНОМ официјалните претставници на Бугарија изјавија дека Бугарија е подготвена да ѝ го отстапи нејзиниот дел на Македонија на нашата држава".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Исто така интересна за американскиот известувач била и информацијата на Смодлака, "Титовиот министер за надворешни работи", кој изјавил дека бил "постигнат конечен договор со Бугарија, според кој последнава ќе ѝ ја отстапи Бугарска Македонија (веројатно Петрич и Неврокоп) на Југословенска Македонија".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
»» ДЕМОНКОВСКА, Веспа (1971) Девојка која последниве години живее на релација Париз-Скопје. Пишува раскази и преведува од француски. „Градската сказна“ во Маргина 26-28 беше прво објавување.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Пред самата црква на плочите од гробовите на старите попови наседнаа десетина мажи навреме, два тројца пристари луѓе и 7-8 деца и го дочекаа поп Јакова, кој последен излезе.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Во моментов ми се чини непримерено жалењето дека луѓето како Walter, Klemperer, Reinhardt итн. мораат да се откажат од своите концерти, дотолку повеќе што многумина вистински германски уметници во текот на изминатите 14 години беа осудени на молчење, така што случувањата, кои последниве неколку недели го немаат нашето одобрение, се само природна реакција на тој факт.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
А на сите им беше јасно дека кој последен се смее - најслатко се смее.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Видот нагло му слаби.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Умира таткото на Борхес кој последните години бил слеп поради хемиплегија.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Хорхе се вработува како библиотекар во една оддалечена библиотека.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Тешко ја повредува главата, а поради труење лебдее меѓуживотот и смртта.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)