Во тоа време дојде од војска долгоног бабуш, брат на две милолики девојки за кои селскиот телеграф оттчука толку вести што дури и на потомокот на Јаков Иконописец, на оној Борис Качар со павлака преку очите, му се слоши.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Дури и зелката се разболе од зеленчукова килавост, од тумори против кои селската рамнодушност со години веќе не се бореше.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Не виде немиена чинија, ѕидовите малку беа исчадени, но никаде немаше ни најмала пајажинка без кои селските куќи најчесто не се – ни по аглите на таванот ниту пак зад прозорците.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)