Камилски, кој беше задолжен да реферира за овој збор, во еден момент прекинувајќи го Татко во натамошното трагање по новите значења на зборот курбан, авторитетно му се обрати: Мислам дека филозофот Ниче има речено дека с е интерпретација на фактите, додека филозофот Бенјамин дека нема документ на која било цивилизација кој воедно не е документ и на варварство.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Луан Старова е еден од највпечатливите претставници, кој воедно е и автор на прекрасната филозофска сказна Времето на козите, во извонреден превод на едно друго дипломатско перо, со што е потврдена и специфичната уметност на Ке дґ Орсеј...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Веројатно ова што во мигов го шепотам, што сега го чувствувам, самото се испишува на страниците од белата хартија што ми ја подаде непознатиот, кој воедно ме упати што треба да правам за да си ја олеснам болката и да си ја дочекам смртта.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Тука пред сѐ спаѓаат лешинарите пензионери кои имаат по 70 години, а вредно се бореле у другиот Светски рат тастирајќи ги вистинските борци кои воедно и загинале, а за тоа биле наградени од државата со нивните борилачки пензии кои изнесуваат колку 2 просечни плати.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Во други пригоди за помалку значајни телеграми добивани од Шестата управа сум покажувал поголема заинтересираност, возбуденост.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Брзо сакам со еден поглед да ја примам сета содржина на телеграмата: не беше ниту повик за враќање, ниту барање, рапорт за палестинско-американските преговори, туку беше упатена порака до Јасер Арафат со која се бараше да бидат водени разговори со него, со неговите главни соработници со југословенска делегација на чело со Сојузниот секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, кој воедно требаше да оствари прва официјална посета на Република Тунис по падот на Хабиб Бургиба и по преземањето на власта од новиот претседател Абедин Зине Бен Али.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)