Структурата на Интернет повеќе нè потсетува на обидот на една друга енциклопедија од она време, на Енциклопедијата на грешки на Pierre Bayle (1647-1706) која беше луцидна травестија на самиот енциклопедизам и всушност содржеше некаков темелен демократски импулс кој денес, на пример, е мошне важен за Интернет мрежата.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Работничката Б. А. (сега 52-годишна) од Велес, која денес е невработена, целиот свој работен век го помина работејќи во АД „Порцеланка“ – Велес, како уметнички декоратер, најпрво во декорното, а подоцна и во украсното одделение.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Донесувањето на ваква пресуда ќе се одложи доколку е потребно, претходно, да се прибават известувања за наведените околности. Признанието на тужбеното барање, на рочиштето или во писмен поднесок, тужениот може – и без согласност на тужителот – да го отповика сѐ до донесувањето на пресудата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
4. Инаку, нашето позитивно право остава простор, во случај на индивидуален или колективен работен спор, работодавачот и работникот да се договорат решавањето на спорот да го доверат на посебен орган утврден со закон (чл. 182, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Сето тоа лошо се одразува на иднината на Македонија, на духовниот пат на развој мора да посееме добро семе, оти: кој денес ќе посее оган, утре ќе пожнее крвава бура Сега доаѓам до еден мал одговор на сите овие прашања: Мора добро да се изостри погледот- до таа мера што ќе има моќност или моќ за опсервација, веднаш да ги види сите добри или лоши нешта, и моќ притоа да ги одвои едното од другото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Да се разбереме, не зборуваме за информатичката демократизација која веројатно е незапирлив процес (иако и за 10 Margina #15-16 [1995] | okno.mk тоа може да се дискутира бидејќи истовремено со процесот што овозможува широка достапност на информациите расте и свеста дека информацијата е моќ, а моќта не е баш егалитарна), туку за местото на тој чуден порив да се чкртне пештерскиот yид - и кој денес го нарекуваме уметност - во овој брзоменувачки „информатички свет”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Првиот пат човек се разочарува од она што мже да го види во оној дел од милионскиот град, кој денес е престолнина на Демократска Република Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Но, за мое уште поголемо чудење, видов и купувачи покрај овие тезги, облечени во уште поискинати крпи и помислив дека се веројатно париските клошари кои денес ретко се среќаваат по париските улици, освен крај сена, некаде кај квартот „Клиши“, покрај кучешките гробишта.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
И додека на екранот се појавуваа убавите планински пејсажи на пелистерските планински височини, спикерот заклучуваше: Ако сте тргнале на одмор или планирате одмор, не заборавајте дека во светот постои вакво убаво катче за одмор и толку гостољубиви луѓе, кои денес можат да се сретнат во приказните...
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Откако отпочна тука да се шират и да се доградуваат рафинеријата и погоните за каучук, нашите градежници уште од пред повеќе од десетина години почнаа да ги удираат темелите на многу објекти, кои денес се шират на едно огромно пространство на овој петрохемиски комплекс.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Затоа „Келнише васер“ е знаменитост не само по специфичната миризма, која денес не може никој да ја произведе, туку и по бројката „4771“, која има своја историја.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Може да служи еднаш како замена на дрвото а другпат, как мека, може да заменува - мебел штоф, односно да служат како замена за онаа материја со која денес се полнат јоги-душеците и другите, меки предмети од мебелот.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Придвижување од историската кал во која денес е закопано хрватското општество се чини дека исто така нема да биде можно без промена на традиционалната парадигма на односите меѓу половите која сѐ уште ги проникнува сите форми на нашиот општествен живот. 38 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Затоа Барикади(те) не се подигнуваат skata politika i kultura, e според некој однапред зададен идеолошки izraz na istoriska nezrelost i simptom na konstituciska план, ниту пак а приори ги признаваат веќе slabost na makedonskoto воспоставените демаркации: ние-тие во етничка op{testvo. смисла, власт-опозиција, тоталитаристи- Ve}e ne postoi edna edin демократи, југоносталгичари-националисти, stvena fundamentalna левичари-десничари, фини граѓани-Херцеговци, protivre~nost koja vo sebe gi нормални-луди, културни-примитивни, sosredoto~uva site op{tes западњаци-балканци, политика-култура итн. tveni sprotivnosti. Kako Овие антагонизми, околу кои денес во Хрватска {to ve}e ne postoi ni edin толку наивно се структуира еден квазиполитички stven politi~ki prostor дискурс, Барикади ги прикажуваат во нивната vnatre koj e mo`no da se postigne razre{uvawe na конформистичка функција, како лага којашто sprotivnostite. општеството ја произведува поради самото себе за да не мора да се соочи со сопствената стварност, со одговорноста за таа стварност и нужноста од коренити промени.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Ќе се покаже, како и со сите други нешта во нашиот живот, дека и овде без отстапки треба да му веруваме на човек кој денес е наш водач и којшто знае по кој пат треба да се тргне германската уметност ако сака да ја исполни својата голема задача, да биде весник на германскиот начин и суштество.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Иако очекувањата вложени во тоа мислење не се исполнија, над себе разочараната елита на формално мислечките е одговорна за сознајните модели и моделите на однесување според кои денес се моделира општеството.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Стариот скопјанец кој станал член на комунистичката партија и за Титово време лапнал муфте стан, а шупата ја продал на градежен инвеститор па воедно лапнуе уште 3 стана за возврат кои денес ги издава под кирија на провинцијалските студенти.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
Не сте морале да ја пренагласувате неговата улога, на пример, во пасусот: Негова заслуга е повлекувањето и зачувувањето на целокупната ориентална документација од Битола, која денес се чува во Државната архива на НР Македонија.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Неколку форми кои денес ги знаеме како фрактали се откриени многу години порано.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Во делото се опишуваат големите анаморфотички фрески во манастирот на редот Минима во Рим, кој денес и не постои.
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
Се говори дека „треба да се соберат сите одбранбени сили против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Рече дека денес, особено луѓето кои се членови на Партијата, се залагаат со сите сили за „организирана народна културна дејност“; говореше за неодложната потреба „да се соберат сите одбранбени против деструктивните сили, кои денес владеат на културното поле на татковината“.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Од разделените Советски републики па сѐ до микроационалистичките американски мултикултуралисти, таа е најпредизвикувачката идеја која денес ветува вредност и смисла на човековите животи.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Симболизирањето на националните теми и квалитети не ги прави уметниците главни, туку главните уметници ги обликуваат подлабоките вистини за нив и нивниот свет, кои денес нужно ја вклучуваат вистината за националноста.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
За мене постои повеќе од да, не или индиферентност: тоа е - на пример - отсутност на тој вид испрашување.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ако се занимавав со Алхемија, тоа беше на единствениот начин кој денес е прифатлив: тоа не го ни знаев.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Традиционалната машка геј-култура е начин за справување со немоќта, за неутрализирање на болката, за надминување на тагата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Општествените ставови кон хомосексуалноста се менувале брзо во изминативе педесет години, а се смениле и општествените услови во кои денес растат геј-децата.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
А кој денес сака да се чувствува немоќно, кој сака да се доживува како жртва?
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Таквиот кодиран материјал, иако тематски не е геј (ништо повеќе отколку што беше класичниот бродвејски мјузикл), повеќе е во согласност со потребите на геј-желбата, а често успева подобро да ја изрази таквата желба од геј-идентитетот и од неговите признаци.130
Тоа е и причината поради која денес геј-мажите, кои конечно имаат можност да гледат телевизиски серии за геј-мажи, за геј-животот и за геј-сексот, како што е Настран ли народ (Queer as Folk), масовно се многу повеќе за Сексот и градот и за Очајни домаќинки – токму како што на Д. А. Милер и натаму повеќе му се допаѓале Јужниот Пацифик или Циганка од La Cage aux Folles или Кирија. (Сигурно, тоа што Настран ли народ порано беше најморалистичната серија на телевизија, веројатно, не помогнало многу).
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Поминуваа низ селата кои денес не постојат, а дека постоеја сведочат црквите и по некоја надгробна плоча во оскрнавените гробишта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Секој ден пристигнуваа нови, а имаше и такви кои денес испратени, утре ни се враќаа со нови рани.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Оваа овде, која денес ни служи за пресоблекување, е Големата сала, во која доктор Гете понекогаш ни држи предавања, ни го толкува лудилото, мисли дека така ќе ни помогне да се разбереме себеси.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
„Тој и натаму го користи зборот лудило?“ „Да. Вели дека така е подобро, и во право е.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Приближувајќи й се, го спуштив на масата оној мој клуч и реков: – Добар ден, јас сум Аристин, може ли да седнам? – Зборувај ми малку за тоа – возврати девојката – кој денес се вика така?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ја прашав: – Сакате ли да Ви раскажам што сонував ноќеска? – Може, ако не е долго.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Турскиот јазик со кој денес се служи населението во Турција (околу 60 милиони жители), помали групи од турско потекло на Балканот (во Бугарија, Македонија, Косово, Грција, Романија), како и неколку милиони во емиграција, започнал да се развива во Анадолија кон крајот на XI, уште од времето на освојувањето на полуостровот од страна на турските племиња дојдени од централна Азија под команда на Селџуците.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Симулаторот е момент што води во киберпросторот, и кој е, така да кажам, процес поради кој денес имаме две шишиња наместо едно.
„МАРГИНА бр. 17-18“
(1995)
3. Уште од првото сонување научив Дека доселениците всушност Натрапнички им влегуваат во соништата на староседелците И дека со несечените нокти им ги дупчат на староседелците Мешините полни со резервни соништа Па откако ќе ги обесонеа лесно им ја крадеа земјата И во древната абориџинска црвеница Садеа цели плантажи со нови соништа И тогаш јас разбрав дека има и престорени соништа Престорени и превоспитани соништа Оти првите доселеници беа дојдени по казна Како историска претходница на гулазите Само што нив тука немаше кој да ги тормози И севезден да ги потсетува дека се престапници испратени на издржување на казната Туку баш напротив престапниците почнаа Да ги тормозат староседелците и да им ги дупчат соништата Оттогаш коалите со сите расположиви средства Си ги вардат соништата од натрапници со несечени нокти И си го бранат вековното право На дваесетчасовен сон во едно деноноќие Оттогаш сите ги предупредуваме Да не остават на раат да си го досонуваме сонот И на секој еукалиптус закачуваме парола Кој сонува зло не мисли А се подразбира дека кој многу сонува Кога да е ќе го довстаса јавето И ќе окапе од визити на нервни доктори Па тогаш ќе си ги мериме соништата И ќе ја утврдуваме нивната историска тежина или леснина Тогаш сетики уште ќе има бумеранзи Оти историјата без вратки не ја бидува Што се покажа и во соништата од петокраки Макар што никому се уште не му е јасно Кој и како ќе им ги врати на Абориџините Старите продупчени соништа Оти никој се уште не измислил лепило За продупчени мешини со резерни соништа Штоако сега школски авиончиња Влечат на опашките натписи Sorry како што се влечат реклами за кока кола или нешто такво Sorry sorry ама се знае ли што досега се стори И ако сте љубители на рими знаете ли каков оган гори Во продупчените соништа на староседелците На кои денес лефтерно им велат Sorry Како кога некој не сакајќи да им ги згазнал стопалата Во турканиците пред влезот на Олимпискиот стадион во Сиднеј Или на пазарот близу пристаништето Ако се погодите таму на пазарен ден баш во сабота Како на секој пазар и овде под тезга се продаваат разни нешта Па можете да си купите разни збирки соништа Стари и нови соништа староседелски и дојденски соништа Од такви соништа се учи Дека ако нижиш бисери ќе плачеш Колку повеќе бисери во соништата толку повеќе солзи на јаве Од такви соништа се учи Дека ако најдеш алтани во твоите чевли Ќе отпатуваш надалеку дури до новиот и отаде новиот свет А пак ако таму во новиот ти свет Се бакнуваш на сон со некого уста со уста Ќе те фати ревма а богами и потешки болештини Ако си машко и ако се бакнуваш со машко уста со уста Баш како што се бакнуваше еден од наследниците на Ленин Пу пу скраја да е Џабе ти тогаш и соррѕ и се стори џабе ти и цела сурија нервни доктори.
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Двојната природа на идиотизмот Како што пишуваше Од Боде (Aude Bodet): „Hains ја гледа модерната уметност како еден вид широка хералдика на потсмевањето: се работи за персонифицирани апстракции, односно симболи кои денес го сочинуваат грбот („амблемот”) на уметникот и често се всушност негова целосна продукција.”
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Тој економски неред, со сето она што со себе ќе донесе во форма на социјални и културни нереди (сѐ поголемата невработеност во планетарни размери), неминовно ќе предизвика последици од кои денес допрва ги забележуваме првите сериозни ефекти.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Треба да се споменат и две понови книги кои не расправаат исклучиво за филмовите на Хичкок, туку донесуваат продлабочени анализи на одредени аспекти на неговото дело, кои денес станаа речиси неизбечни референци: PASCAL BONITZER, Le champ aveugle, Caiers du cinéma / Gallimard, Paris 1982.
„МАРГИНА бр. 21“
(1995)
Сега се стреми кон тоа да се вели “писмо” за сето ова, но и за други нешта: за да се означат не само физичките знаци на пиктографското, идеографското или пишувањето со букви, туку исто така и целокупноста на она што него го овозможува; потоа, од онаа страна на означувачкиот, самиот означен лик; оттаму, сето она што може да му даде место на еден запис воопшто, без оглед на тоа дали е или не е со букви, па дури и без оглед на тоа дали фактот што тој е распореден во просторот му е туѓ на поредокот на гласот: секако, кинематографијата, кореографијата, но исто така и пиктуралното, музичкото или скулптуралното писмо, итн.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Плукај на сѐ, па дури и на себе, биди достоен на својот имиџ.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Сличноста помеѓу имињата на групите и насловите на филмовите не е никаква коинциденција.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Би можело, исто така, да се зборува за атлетско писмо, и, уште повеќе, доколку се мисли на техниките кои денес управуваат со овие подрачја, и за воено или политичко писмо.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Најпосле, без оглед на тоа дали постојат или не постојат суштински ограничувања, целото поле покриено од страна на кибернетичката програма ќе биде поле на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Ако Ворхоловата филозофија воопшто некаде најде свое место, тоа е во “алтернативната” музика која не е повеќе алтернативна, во саб-попот кој денес е поп.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)
Мислам, подобро ќе е тогаш да одлучиме под каков наслов и на каков начин ќе ги објавуваме писмата или извештаите, за кои денес само како предлог зборуваме.“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“
од Бистрица Миркуловска
(2001)
Така сакаа, другари борци, англоамериканцките имберијалисти кој денес се најголемото зло и затоа ние се бориме за да го искорениме, велам...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кејџ со ова дело го одреди оној простор на истражување на звукот кој денес го познаваме како електреоакустична музика “во живо” и со тоа постави алтернатива на пионерските дела на Пјер Шафер и Пјер Хенри(конкретна музика) и Карлхајнц Стокхаузен (електронски генерирана музика).
„МАРГИНА бр. 10“
(1997)
Патем го сретнав Нацка, кој денес не беше дојден в училиште и немаше поим што се беше случило.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)