А најмногу се тешеше Толе дека навистина без никакви потреси и непријатности ќе ја помине оваа лоша зима, од која есеноска баеги се уплаши.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
— „И научи, кучката една“ — си велеше мајка ѝ со умот, кога на крајот на учебната година, на свети Кирил и Методи, даскалот Бино пак одржа цел говор за неа пред оние исти родители, пред кои есеноска одржа за нејзиното стапнување во училиштето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)